Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Твитер ја испразни канцеларијата во Брисел

0
By Соња Крамарска on November 25, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Канцеларијата на Твитер во Брисел е последната жртва на преземањето на компанијата од страна на Илон Маск,чие затворање се случи во време на носењето регулатива кон социјалните мрежи.

Откако стана извршен директор на компанијата кон крајот на октомври, Маск растури голем дел од внатрешните структури на персоналот, прво отпуштајќи ги своите врвни директори, а потоа делејќи откази на голем број вработени и распуштајќи основни тимови.

Тимовите за етика, човекови права и пристапност на вештачката интелигенција на компанијата се меѓу „убиените“ досега. Значителен број вработени во компанијата, исто така, избраа да ги напуштат своите работни места поради притисокот од Маск да работат подолго од пропишаното време.

Според известувањето на Фајненшл тајмс, и последните двајца членови на персоналот кои работат во седиштето на Твитер во Брисел, ги напуштиле своите позиции, по претходното заминување на другите четворица членови на тимот, што значи целосното затворање на канцеларијата.

Иако моментално не е јасно дали ова затворање ќе биде привремено или трајно, тоа доаѓа во клучен момент за технолошка регулатива во Европа. Многу големи онлајн платформи, како што е Твитер, во моментов имаат задача да откријат како да се усогласат со Законот за дигитални услуги (DSA), сосема новиот правилник на ЕУ за умереност на содржината, кој стапи на сила минатата недела.

Откако Маск го презеде кормилото на компанијата, Брисел му испраќа пораки да не ги става на тест новите правила.

Како одговор на славеничкиот твит „птицата е ослободена“, напишана од Маск по склучувањето на купопродажниот договор во октомври, европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон му порача на новиот сопственик: „Во Европа, птицата ќе лета според нашите правила“.

Извор: Еуроактив

 

канцеларија во Брисел Твитер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.