Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Твитерџиите собираат средства за болницата во Свети Николе

0
By Менче Атанасова Точи on June 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2016 15:24

Твитер заедницата собира финансиски средства за помош на Здравствениот дом во Свети Николе. Катастрофално лошите услови во единствената соба која служи како дневна болница, каде што се сместуваат пациентите ги поттикна твитерџиите да соберат средства за нејзино реновирање.

soba zdrv 4 stolce o

Се планира од собраните средства да се купат нови чаршави, ќебиња, сталаци за инфузии, бидејќи како што велат, тие што ги има се од 70 тите години на минатиот век.

„Бев испровоциран од лошите услови во болничката соба. При приемот на близок роднина видов дека таму состојбата е катастрофална. Немаа ниту лекови за во инфузијата. Медицинскиот персонал ни рече дека ќе стават тоа што имаат во инфузијата, витамин Б6 и витамин Ц. Сакаме да собереме средства бидејќи сите сме потенцијални пациенти“, напиша на Твитер, Горан Поцков еден од организаторите на оваа иницијатива.

soba zdr. dom 2 o

Директорот на Здравствениот дом, Мирче Јосев вели дека секоја донација е добредојдена иако смета дека состојбата не е толку лоша како што им оставила впечаток.

„ Добредојдена е секој донација и ја поддржувам само треба да се внимава да не се искористи во политички цели. Ние имаме чаршави, ги менуваме често. Можеби така се погодило кога дошол пациентот во моментот можеби не биле сменети чаршавите. Објектот е стар 40 години и тоа е тоа со што располагаме“, изјави за НОВА Мирче Јосев, директор на Здравствениот дом во Свети Николе.

soba zdr. 5 cela o

За неколку дена од кога е почната иницијативата досега се собрани 85 франци или 110 евра, а донаторите ќе бидат транспарентно информирани за што ќе бидат потрошени парите, односно што се ќе биде набавено за Здравствениот дом во Свети Николе. Ова е линкот до сајтот за донации за секој што сака да одвои средства за помош: https://www.gofundme.com/27c24ufw

donacija

донации Твитер чаршави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.