Државната полиција на Хаити соопшти дека уапсила осомничен организатор на атентатот врз претседателот Жовенел Моиз.
– Уапсен е лекар од Хаити кој живее во американската држава Флорида. Осомничените убијци го повикале по атентатот, изјави на прес-конференција полицискиот командант Леон Чарлс.
Лекарот е третиот американски државјанин со потекло од Хаити, и вкупно 21 лице, задржано како осомничено лице во случајот и се смета дека е организатор на операцијата.
Другите двајца, исто така, наводно живеат во Флорида. Таа американска држава е оддалечена од Хаити околу 1.000 километри. Другите 18 осомничени кои се притворени се по потекло од Колумбија.