Напаѓачот кој вооружен со нож денеска во околината на Розенхајмер Плац, источно од центарот на Минхен рани осум лица не бил мотивиран од верски или политички побуди, соопшти германската полиција.

Според полицијата, напаѓачот кој веќе е пронајден и уапсен имал полициско досие за насилство и кражби. Тој денеска полесно рани едно 12 годишно дете, шест мажи и жена.

Шестмина од нападнатите се Германци, еден од Италија и еден од Романија.