Германската полиција уапси маж кој се сомничи дека го обезбедил со пиштол и куршуми тинејџерот кој за време на нападот во трговски центар во Минхен минатиот месец одзема девет животи, се вели во соопштението на државниот обвинител од Франкфурт.
Како што се наведува во соопштението, полицијата уапсила 31. годишен државјанин на Германија, кој за време на тајната полициска акција се пофалил дека го обезбедил пиштолот марка „Глок 17“ кој беше употребен за време на нападот, пренесува Ројтерс.
Човекот, чие име не е објавено, беше уапсен во Марбург, кој се наоѓа на околу 100 километри северно од Франкфурт, откако официјални лица стапиле во контакт со него преку подземна мрежа, претставувајќи се како купувачи на автоматско оружје и еден пиштол „Глок 17″ за 8 000 евра, се додава во соопштението.
Во текот на полициската операција, осомничениот рекол дека таков тип на пиштол му продал и на напаѓачот во Минхен и тоа на 20. мај, а потоа уште 330 куршуми на нивната втора средба на 18. јули.
Во нападот кој се случи на 22. јули во Минхен, 18. годишниот Германец со иранско потекло Али Сонболу уби девет, а рани над триесет луѓе во трговски центар по што си го одзеде животот.
Осамен и изолиран тинејџер – профил на убиецот од Минхен




