Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсениот советник на Спасовски оддал државна тајна

0
By Нова ТВ on March 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одземање на пасош, обврска за редовно појавување пред суд, забрана за вршење работни активности и забрана да не го напушта градот на живеење – ова се мерките на претпазливост кои  ги изрече Кривичниот суд против Драган Симоновски, вработен како државен советник во кабинетот на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спсовски.

Симоновски е осомничен дека оддал службена тајна, односно на осомничена во случај на МВР и кажал дека нејзините активности се следат и нејзиниот телефон е под посебни истражни мерки. Во објаснувањето стои:

„На директен начин лицето ја пренело службената тајна потенцирајќи дека над нејзе е во тек примена на посебна истражна мерка што е причина за нивната средба  и тоа посебна истражна мерка со која се следат нејзините телефонски броеви и дека над истата се применува мерка следење предупредувајќи ја да престане да го прави тоа што го прави и да биде внимателна“.

Министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека очекува институциите да го расветлат овој случај и дека не смее да има било каква толеранција.

„Денеска е поднесена кривична пријава против Д.С. Кој е член на мојот Кабинет. Станува збор за сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба. Очекувам многу скоро во законски утврдена постапка, сомнежот да биде потврден или отфрлен. Оддавање на службена тајна загрозување и наштетување на кривична истрага се казниви дела. МВР нема да толерира загрозување на истраги. Ова е пораката за секој кој има намера да соработува или да учествува во криминал, без оглед на позицијата која ја има во општеството и институциите“, рече Спасовски.

Од Обвинителството пак веќе потврдија дека го презеле случајот и работат на него.

„Надлежен јавен обвинител оценувајќи дека се исполнети законските услови до судија на предходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган, привремено одземање на патна исправа, забрана за издавање на нова патна исправа и забрана за преземање одредени работни активности што се поврзани со кривичното дело“, соопштија од Обвинителството.

Полицискиот службеник подолг период работи во МВР. Тој бил приведен во полициската станица Кисела Вода. Станува збор за долгогодишен припадник на МВР кој од влегувањето на Спасовски во министерскиот кабинет во техничката влада е назначен и за советник. Бил и во комисијата на МВР за надзор на приватните агенции за обезбедување.

МВР Оливер Спасовски советник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.