Најмалку 20 лица загинале во два напади во Авганистан. Осумнаесет војници загинале, а двајца биле повредени во напад на талибанците во западниот дел на Авганистан, соопшти Министерството за одбрана.
Војниците биле убиени во напад на контролен пункт во областа Бала Булук, во провинцијата Фарах.
Во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, животот го загубиле две, а седум лица биле повредени.
За овој напад одговорноста ја презеде Исламската држава.
Нападот се случил недалеку од седиштето на НАТО во Кабул и Американската амбасада.