Oбвинетиот за убиство на 51 лице во нападот на џамиите во новозеландскиот град Крајстчрч Брентон Тарант е обвинет и за тероризам, соопшти полицијата на Нов Зеланд.
Тој веќе се соочува со обвиненија за убиство и уште 40 обвиненија за обид за убиство во врска со нападот што се случи на 15 март.
Австралиецот треба да се појави на суд во јуни.
Сепак, според експерти на кои се повикува Би Би Си, постои дебата во Нов Зеланд за основаноста, овој случај да се суди според законите за тероризам, бидејќи може тоа може да г одолговлече судскиот процес и со тоа да им се даде простор и време на екстремистите да го промовираат своите ставови.
Нападот на џамиите во Крајстчрч беше најтрагичниот во Нов Зеланд, поради што парламентот неколку недели потоа изгласа закон со кој се забранува поседување полуавтоматско борбено оружје, со цел да се спречат во иднина вакви трагедии.




