Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Учениците се враќаат на настава со физичко присуство: Задутре почнува новата учебна година

0
By Sashko on August 30, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учебната 2021/2022 година на 1 септември ќе почне со отворени училишта за основците и средношколците. Настава со физичко присуство со полн капацитет и примена на соодветни антиковид-протоколи препорача Главниот кризен штаб на 16 август, а одлуката наредниот ден ја донесе Владата на седница.  Поради високиот број заразени со коронавирус во Тетово и Гостивар, Комисијата за заштита од заразни болести, на барање на Општина Тетово, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн-настава во првите две недели од септември.

На седница во вторникот Владата ги усвои Планот за одржување на наставата и протоколите за постапување на  основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство.

Ослободени може да бидат ученици со ретки болести или попречености, деца од семејства со хронични болести,  по барање од родителите, како и од други немедицински причини со дозвола на училиштето.

Враќање на сите ученици во училишните клупи е прво од трите сценарија што пред два месеца ги подготви Министерството за образование и наука. Според МОН, тоа е и најпосакувано сценарио зашто е во интерес на учениците и е препорачано од УНИЦЕФ и ОЕЦД.

Доколку се влоши епидемиолошката состојба и се зголеми ризикот од ширење на заразата, ќе се премине на друг модел на настава односно ќе се примени некое од двете резервни сценарија – второто е комбинирана настава со наизменично ротирање на две групи ученици – онлајн и со физичко присуство, и третото сценарио е модел на настава како минатата учебна година – едни ученици да бидат во училиштата, а други постојано да следат настава на далечина.

За евентуална промена на моделот на наставата ќе одлучи Комисијата за заштита од заразни болести и МОН ќе постапи по нејзините инструкции. Но, министерката Мила Царовска е уверена дека училиштата ќе останат отворени зашто и минатата учебна година, кога 40 отсто од учениците следеле настава со физичко присуство, во нив немало ширење на заразата. Според Царовска, за да бидат безбедни ќе придонесе почитувањето на здравствените протоколи и вакцинацијата на вработените во училиштата.

Во учебната 2021/2022 новина е воведувањето на Концепцијата за основно образование усвоена во март годинава. Најпрво ќе почне да се применува во прво и во четврто одделение, за кои новите наставни програми по сите предмети се веќе изработени од Бирото за развој на образованието.

Планот на МОН е етапно да биде воведена во другите одделенија и за пет до шест години деветгодишното основно образование да биде целосно реформирано.

Согласно Концепцијата, годинава треба да почне и дигитализацијата односно употреба на дигитални учебници – најпрво во четврто одделение, кои ќе може да се преземат од платформите. Набавени се десет илјади таблет-компјутери, наменети пред сè за чевртоодделенците од семејства во социјален ризик, за да може да ги користат учебниците со мултимедијални содржини. Според предложениот закон, за учениците до трето одделение и натаму ќе се користат печатени (хартиени) учебници.

МОН соопшти дека сите учебници и материјали за учење се дистрибуираат до училиштата и учениците ќе ги добијат до крајот на неделава.

Ковид-19 Македонија мерки МОН Протоколи учебна година ученици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.