Учениците утре ќе се вратат во училишните клупи за почетокот на второто полугодие од учебната година.

Од МОН велат дека двата дополнителни дена од зимскиот распуст, 18-ти и 20 јануари 2017, учениците ќе ги одработат во сабота, најверојатно во март и во април, за да се исполни вкупниот фонд од 180 наставни дена во учебната година.

Пред неколку дена, МОН ја прифати мерката предложена од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за да се избегне опасност од ширење на грипот.