Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА, ЛШ: Меси му создаде несоница на Гвардиола

0
By Нова ТВ on October 20, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Аргентинецот даде три од четирите гола на Каталонците против Сити, најубедлив Арсенал против Лудогорец, убедливи и Баерн М. и ПСЖ. Изненадување приреди Бешикташ со триумфот против Наполи

Барселона го „понижи“ Манчестер сити со 4:0 на враќањето на Пеп Гвардиола на „Камп Ноу“, а Лео Меси стана фудбалерот со најмногу хет-трикови во историјата на Лигата на шампиони. Аргентинецот погоди во 17, 61 и 69 минута, Нејмар промаши пенал во 87 минута, но две минути  подоцна успеа да постигне и четврти погодок за Каталонците за печат на убедливата победа и лидерска позиција во групата Ц.

Во вториот меч во групата Ц, Борусија Менхенгладба славеше на гостувањето кај Селтик со 2:0.

Најубедливата победа во мечевите од третото коло ја оствари Арсенал. Премиерлигашот на „Емирати“ го „разнесе“ Лудогорец со 6:0 со хет-трик на Месут Езил (56, 83, 87 минута) и по еден  гол на Санчез (12 минута), Волкот (42 минута) и на Чембрлен (46 минута).

Триумф без примен гол забележа и ПСЖ на домашен терен против Базел (3:0). Ди Марија (40 минута), Лукас (62 минута) и Кавани од пенал (90+2 минута) беа стрелци за „светците“.

Баерн Минхен си поигра со ПСВ Ајндховен на „Алианц арена“ за конечни 4:1. Милер (13 минута), Кимих (21 минута), Левандовски (59 минута) и Робен (84 минута) ги  постигнаа головите за Баварците, Нарсиг во 41 минута го постигна единствениот за тимот од Холандија.

Атлетико Мадрид со минимални 1:0 славеше на гостувањето во Русија кај Ростов. Караско во 62 минута го матира домашниот голман што на крајот се покажа доволно за трите бода.

unnamed-8

Изненадувањето на вечерта го приреди Бешикташ. Турскиот состав го совлада Наполи во Неапол со 3:2 и се проби на второто место во групата Б. Двоен стрелец за победничката екиа беше Абубакар (38, 86 минута), третиот, прв на средбата, го запиша Кореа (12 минута). Мертенс во 30 минута и Габијадини во 69 минута беа стрелци за калчолигашот.

Гостинска радост имаше и на вториот меч во групата Б. Бенфика го победи Динамо Киев со 2:0 со головите на Салвио во 9 минута од пенал и Черви во 55.

Лига на шампиони

Група А: Арсенал – Лудогорец 6:0, ПСЖ – Базел 3:0.

Табела: Арсенал 7, ПСЖ 7, Базел 1, Лудогорец 1.

Група Б: Наполи – Бешикташ 2:3, Динамо Киев – Бенфика 0:2.

Табела: Наполи 6, Бешикташ 5, Бенфика 4, Динамо Киев 1.

Група Ц: Барселона – Манчестер Сити 4:0, Селтик – Борусија Менхенгладбах 0:2.

Табела: Барселона 9, Манчестер Сити 4, Борусија Менхенгладбах 3, Селтик 1.

Група Д: Баерн Минхен – ПСВ Ајндховен 4:1, Ростов – Атлетико Мадрид 0:1.

Табела: Атлетико Мадрид 9, Баерн Минхен 6, ПСВ Ајндховен 1, Ростов 1.

Лига на шампиони фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.