Европската фудбалска федерација (УЕФА) очекува од Европското првенство во Франција приход од 1,93 милијарди евра и чист профит од 830 милиони евра.
Најмногу пари во благајната на УЕФА ќе се слеат од ТВ права, повеќе од милијарда евра. Спонзорствата и лиценцираните производи и донесоа дополнителни 480 милиони евра, а продажбата на билети и сувенири уште 400 милиони евра.
За организација на турнирот УЕФА потрошила 650 милиони евра, наградниот фонд изнесува 301 милион евра, а 150 милиони евра се наменети за клубовите од кои доаѓаат репрезентатовците. Кога ќе се одбијат сите трошоци, на УЕФА и остануваат околу 830 милиони евра.
Тоа е дури 34 отсто повеќе од заработката на последното ЕУРО 2012 во Полска и Украина, која изнесуваше 593 милиони евра.