Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЈП ќе спроведува засилени контроли на авто-такси превозниците со посебен акцент на издавање фискални сметки

0
By Marija Todorovska on July 23, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 23, 2025 11:54

Управата за јавни приходи (УЈП) во наредниот период ќе спроведува засилени контроли кај вршителите на авто-такси превоз на патници со посебен акцент на издавањето фискални сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Како што најавуваат од УЈП, контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците.

Даночните обврзници кои вршат авто-такси превоз се должни да користат мобилни фискални апарати со интегриран ГПРС уред, да го регистрираат остварениот промет во фискалниот апарат, да издаваат фискална сметка за секоја услуга во готовински промет, да го евидентираат прометот во книгата на дневни финансиски извештаи, за секоја фискална каса поединечно. Воедно се должни да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет најдоцна наредниот работен ден, да имаат јасно и видно истакнато соопштение за задолжително барање на фискална сметка од страна на корисниците на услугата, информираат од УЈП.

Доколку граѓаните имаат сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, порачуваат, ги охрабруваме да пријават преку: •Бесплатната телефонска линија: 198 •Е-пошта: info@ujp.gov.mk .

Управата за јавни приходи ги разгледува добиените претставки и постапува согласно своите надлежности. Апелираме до сите авто-такси превозници, како и до сите даночни обврзници, да постапуваат согласно законските прописи, со цел зајакнување на даночната усогласеност и подобрување на даночната дисциплина. Почитувањето на обврската за издавање фискални сметки и користење мобилни фискални апарати не е само законска обврска – тоа е придонес кон правично, транспарентно и фер работење на сите економски чинители, посочуваат од УЈП.

контроли такси УЈП фискални
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.