Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЈП:Нема да се казнува ако некој не се регистрира во системот за данок

0
By Нова ТВ on September 13, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 13, 2018 14:38

Регистрацијата на физичките лица на системот е-Персонален данок за новиот концепт на Годишната даночна пријава е неопходна за да се спроведе успешна реформа, а Управата за јавни приходи ќе ги користи сите канали на комуникација за да не биде никој изземен во тоа и да се стигне до сите обврзници.

Ова го истакна директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес-конференција која рече дека е потребно навреме да се почне со овој процес кој ќе биде неопходен за спроведување на реформата, која предвидува Управата за јавни приходи да ја испраќа пополнетата ГДП до даночниот обврзник на потврда или корекција на подтоците, наместо како досега даночниот обврзник да ја доставува ГДП до Управата за јавни приходи.

– Она што беше наша интенција е да го олесниме процесот на пополнување на податоците. Без турканици на шалтери, трка по пресметки на фирми, докази и прилози и сите оние сложени процедури  поврзани со пополнувањето на пријавата, рече Лукаревска.

Таа додаде дека регистрацијата и потврдата е потребна за да се испочитува правото на заштита на личните податоци, а истовремено регистрацијата да биде без никаков трошок за граѓанинот.

– Конечната цел е да спроведеме успешна реформа што ја користат и други даночни администрации во поразвиените земји. Нашата цел е да стапиме во непосреден контакт со физичките лица и никој од нив да не биде изземен во спроведувањето на оваа процедура. Затоа и почнавме да ги промовираме новините што треба да се спроведуваат, како што е и моментот на регистрирањето што треба да го направат. Ќе имаме и кампања, а ќе бидат на располагање и мобилните даночни шалтери кои ќе стигнат до секое најодалечено место. Отворени за соработка ќе биде и даночната администрација, а ќе бидат достапни и две телефонски линии и преку меил каде ќе можат да се обратат граѓаните, појасни директорката.

Потенцира дека УЈП ќе стигне буквално на најодалечено место каде евентуално би се создале проблеми во регистрирањето.

– Доколку нема интернет предвидени се варијанти каде лицето може да овласти друго лице и за негова сметка да ја потврди или  коригира ГДП. Не можеме некое лице да го регистрираме по дифолт, туку мора да дојде или да имаме овластено лице за да знаеме на кого ги доставуваме податоците, рече Ивана Дончевска од УЈП.

На прес-конференцијата беше наведено дека  УЈП поседува информации за лицата кои оствариле приходи и исто така има комуникациски канали преку кои може да дојде до обврзникот, а ќе бидат користени и мобилните даночни шалтери.

Дали граѓанинот остварил само плата, или пензија или друг приход, колкав е приходот и колкав е данокот секој граѓанин ќе треба да потврди или да ја коригира УЈП. Тоа е суштината на новиот модел на Годишната даночна пријава.

Директорката посочи дека законски се предвидени казни доколку некој не се регистрира, но оти ова е прва година и оти интенцијата на УЈП не е ако не биде некој регистриран веднаш да се казни.

– Ќе направиме да дојде тука на шалтерите или ние да одиме кај него преку мобилните даночни шалтери и врз основа на тоа да не дозволиме никој да биде изземен, а притоа да биде регистриран во овој систем, потенцира Лукаревска.

Новиот модел на Годишна даночна пријава што треба да почне да се применува од 1 јануари 2019 година.

Досега на системот се регистрирани 13.000 даночни обврзници, а бројката што се очекува е голема, бидејќи минатата година се доставени 450 илјади годишни даночни пријави, а сега треба да се пријават и оние кои не оставруваат дополнителни приходи.

регистрација УЈП; данок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.