Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина 387. ден | Руско гранатирање на висококатница во Авдиивка и егзекуција на невооружени украински заложници; Словачка донира 13 борбени авиони за Украина

0
By Marta Pesevska on March 17, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина денес се наоѓа во 387-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.

Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.

Политика

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не очекува војната во Украина наскоро да биде завршена. За германскиот бизнис дневен весник „Хандесблат“ канцеларот кажа дека Берлин ќе го поддржува Кијив се додека тоа биде потребно со пари и оружје. 

Државите кои ја малтретираа Украина ќе одговараат кога војната ќе заврши, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Партнерите на Украина треба да и дадат воена поддршка до степен до кој може да ја протера Русија од целата нејзина територија, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју за чешки ТВ канал.

Ќе дојде денот кога сите виновници за воени злосторства против Украинците ќе бидат изведени пред лицето на правдата во салите на Меѓународниот кривичен суд и националните судови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за BBC News Ukrainian изјави дека сега не е време Кина да ја вооружува Русија.

Европската унија ќе и обезбеди на Украина 1,5 милијарди евра како втора транша од пакетот макрофинансиска помош од 18 милијарди евра, изјави потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис.

Фронт

Во Авдиивка, регионот Донецк, во петокот наутро, руските напаѓачи со проектил Кх-59 погодија висококатница, во која сè уште живееја луѓе. Се утврдуваат информации за жртвите.

Руските напаѓачи пукаат во невооружени украински воени заробеници со уверување дека на крајот ќе ја избегнат одговорноста.

Руските војници во четвртокот на 16 март убиле двајца жители на регионот Донецк и раниле уште осуммина.

Воена помош

Владата на Словачка одобри да и се предаде на Украина серија од 13 борбени авиони МиГ-29 Фулкрум.

Одлуката на Полска да испрати борбени авиони МиГ-29 во Украина е „суверена одлука“ на таа земја, која нема да го охрабри американскиот претседател Џо Бајден да ги испрати своите борбени авиони Ф-16 во Украина, соопшти Белата куќа.

Подготви: А. Ристески

Извор: Фронтлајн

Војна во Украина Руска агресија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.