Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина ги нападна Рјазањ, Таганрог и Белгородската Област

0
By Zoran Ivanov on July 29, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 29, 2026 09:50

Украински беспилотни летала погодија повеќе индустриски објекти во градот Рјазањ, во централниот дел на Русија, додека најголемиот руски онлајн-трговец „Вајлдберис“ го евакуираше својот магацин во градот, соопштија денеска локалните власти и компанијата.

Во изминатите неколку дена со дронови биле оштетени најмалку седум магацини на „Вајлдберис“, со што бил уништен околу 10 отсто од капацитетот за складирање на компанијата.

Гувернерот на Рјазањската Област, Павел Малков, објави на „Телеграм“ дека избувнале пожари во индустриски објекти и дека шестмина побарале лекарска помош.

Тој не соопшти повеќе детали за погодените објекти во областа, каде што се наоѓаат неколку големи индустриски комплекси, меѓу кои рафинерија за нафта и логистички центар.

Во одделен напад, една жена загина, а еден маж беше повреден откако остатоци од ракета погодија станбена зграда во јужниот руски град Таганрог, на Азовското Море, соопшти регионалниот гувернер Јуриј Сљусар. Во градот се наоѓаат повеќе индустриски објекти и терминал за жито.

Во украинскиот град Херсон, пак, еден маж загина, а уште тројца беа повредени во руски напад со дрон, соопштија локалните власти на „Телеграм“.

Во напади со украински беспилотни летала вчера загинаа тројца во руската Белгородска Област, а уште 19 беа повредени при напад врз автобус, објави „Ројтерс“.

Регионалните власти соопштија дека двајца загинале при напад со дрон врз деловен објект, во село во близина на границата. Уште еден човек загинал во напад врз град во близина на регионалниот центар Белгород.

Автобусот бил нападнат во градот Шебекино, во близина на украинската граница, а сите повредени, освен еден човек, биле пренесени во болница.

Москва ја обвинува Украина дека систематски напаѓа автобуси во различни руски региони.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека најновиот напад покажува оти Украина „со манијакална упорност“ го напаѓа јавниот превоз и „им се одмаздува на обичните луѓе поради сè поголемите неуспеси на фронтот“.

Властите поставени од Русија во окупираните делови на источниот украински регион Донецк соопштија дека во вторникот петмина биле повредени во, како што тврдат, украински напад со дрон врз автобус.

Руските власти ја обвинија Украина и за нападот од минатиот месец врз автобус што превезувал деца од Белорусија кон одморалиште. Во нападот загина една жена, а шест деца беа повредени.

 

белогордска нападна Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.