Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина го избра патот да се бори и да се брани: Ден на вооружените сили на укрина

0
By Zoran Ivanov on December 6, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина го одбележува Денот на Вооружените Сили на Украина. Земјата е во војна за ослободување од руската воена агресија од 2014 година, и од целосната воена инвазија во 2022 година.

Украина не беше таа што ја започна оваа војна. Украинците дефинитивно не беа тие што ја заслужија војната во нивната земја и нивните домови во 21 век. Но, Украина го избра патот да се бори и да се брани, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина.

Во соопштението, им се оддава почит на сите што ја бранат земјата од агресорот, нагласувајќи го фактот дека „Украина е независна и слободна земја – и таква ќе остане“.

Денес, на Денот на Вооружените Сили на Украина, ја оддаваме почитта на сите што ја бранат нашата држава. На секој татко кој го чува украинското небо од руските ракети и дронови, на секоја сестра која оди во напад врз непријателските позиции, на секој син кој замина да ги брани најблиските во рововите. На секој и секоја, благодарение на кои денес Украина е независна и слободна земја – и таква ќе остане, нагласи МНР на Украина.

Тие што се борат за слободата на Украина се признаваат како херои, според МНР на Украина, при што се истакнува важноста на поддршката од партнерите, во име на заедничката цел.

Мораме да останеме достојни на нашите херои кои, без претерување, даваат сè на фронтот за нашата спокојност. Таму каде што украинскиот војник е обезбеден со сè што му е потребно, таму е нашата безбедност и одвраќањето на непријателот од неговите позиции. Важно е партнерите на Украина да вложуваат максимални напори за единство во име на нашата заедничка цел, пишува во јавното обраќање на МНР на Украина до светската јавност и завршува со зборовите:

Слава на секој што ја брани украинската држава и нејзината слобода!

 

украина ден на воорижените сили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.