Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина под притисок пред Самитот со ЕУ – тековната антикорупциска акција ја носи чекор поблиску до Унијата

0
By Ана Василевска on February 2, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Володимир Зеленски ја пофали тековната антикорупциска акција како „движење кон правдата“ откако украинските власти извршија рација и претресоа повеќе локации поврзани со актуелни и минати членови на Владата на Украина, пренесе Вашингтон пост.

 

„Денес е плоден ден за нашата земја – плоден ден во соочувањето со оние кои се обидуваат да ја ослабат Украина“, рече тој во своето ноќно обраќање.

Притисокот доаѓа само неколку дена пред закажаниот самит во Кијив меѓу Украина и Европската унија, за време на обидот Украина да стане полноправна членка на унијата.

Украинските власти во средата извршија рација и претресоа повеќе локации, вклучително и домот на олигархот Ихор Коломојски, домот на поранешниот министер за внатрешни работи во Украина, Арсен Аваков, како и во некои градежни компании во Кијив. Според Зеленски, некои високи владини функционери беа сменети.

Клучни случувања

Поранешниот шеф за набавки во украинското Министерство за одбрана беше обвинет за проневера за наводно купување на речиси 3.000 панцири со несоодветен квалитет за повеќе од 2,7 милиони долари, се вели во соопштението на Службата за безбедност на Украина. Истрагите претходеа на Самитот со ЕУ, кој треба да се одржи утре.

Русија може да започне офанзива на или околу 24 февруари, годишнината од почетокот на руската инвазија минатата година, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников за француската телевизиска мрежа БФМ. Украинските власти се сомневаат дека Москва можеби собрала стотици илјади војници за потенцијалниот напад. Забелешките се совпаѓаат со оценката на украинските разузнавачи дека Украина е во пресрет на активна фаза на фронтот.

Ажурирања на бојното поле

Најмалку три лица загинаа во Краматорск во ракетен напад врз станбена зграда, соопштија украинските власти рано во четвртокот. Зградата е „целосно уништена“ од руски проектил, изјави гувернерот на регионот Доњецк Павло Кириленко, додавајќи дека спасувачите трагаат по преживеани во урнатините.

Франција ја снабдува Украина со радарски системи за противвоздушна одбрана за следење на проектили и беспилотни летала што доаѓаат во областа околу Кијив.

„Овој радар ќе биде цреша на тортата“, рече Резников на церемонијата на предавање во северна Франција, каде што се произведува опремата, пренесува Вашингтон пост.

Американскиот производител на беспилотни летала и нуди на Украина два авиони за 1 долар. „General Atomics Aeronautical Systems“, производителот на вооружени беспилотни летала, соопшти дека понудил два од своите тренинг авиони на продажба за симболична цена од 1 долар. САД обезбедија мали беспилотни летала, но понудените видови се поголеми и можат да бидат вооружени со проектили.

Глобално влијание

Соединетите Американски Држави ќе префрлат 135 милиони долари од Инвестицискиот фонд на САД Русија, ентитет на американската влада основан за зајакнување на приватниот сектор во Русија по Студената војна, за да го поддржат економското закрепнување во Украина и соседна Молдавија, соопшти во средата Американската агенција за меѓународен развој.

Дополнителни 18 милиони долари од фондот ќе бидат насочени кон руските активисти за човекови права, независните медиуми и продемократските групи, соопшти УСАИД. Инвестицискиот фонд на САД Русија остана главно неискористен во изминатите десетина години.

Висок украински пратеник го повика Вашингтон да воведе санкции кон Кина и Индија доколку двете земји продолжат да купуваат руска енергија.

„САД можат и треба да ја одвратат Кина да и помогне на Русија и по можност да воведат секундарни санкции за да ја спречат Кина да ја финансира руската економија и руската воена машина со купување руска нафта и гас“, изјави Олександр Мережко за новинарите, пренесува агенцијата Франс прес.

Од дописниците на Вашингтон пост

Украина започна истрага за корупција пред Самитот со ЕУ, отпушти функционери и спроведе претреси на цели од висок профил во средата како дел од масовната антикорупциска кампања, пишуваат Дејвид Л. Стерн и Клер Паркер од Вашингтон пост.

Истрагите вклучуваат актуелни и поранешни функционери во министерствата за одбрана и енергетика и даночната служба, меѓу другото, за проневера и други незаконски активности. Целото раководство на царинската служба на земјата беше разрешено.

„Денешните случаи на корупција против највисоките функционери се само почеток“, рече Олексеј Сухачев, директор на Државното биро за истраги, пренесе Вашингтон пост.

Подготви: А. Р.

Извор Фронтлајн

Антикорупција Војна во Украина Володимир Зеленски ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.