Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинската амбасадорка, Дир: Разбирајќи ја уникатноста на човекот, почитувањето на достоинството, покажувајќи милост – ние го почитуваме споменот на жртвите од Холокаустот

0
By Marta Pesevska on January 27, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинската амбасадоркаво Северна Македонија, Н.Е. Лариса Дир се обрати на одбележувањето на 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот во Институтот за Духовно и Културно Наследство на Албанците во Скопје, кој беше посветен на чествување на споменот на милиони невини жртви на холокаустот.

Таа на почетокот на своето обраќање потсети дека на 1 ноември 2005 година, Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата „Сеќавање на Холокаустот“, прогласувајќи го 27 јануари за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот.

Амбасадорката Дир нагласи дека Украина на државно ниво го одбележува Денот на сеќавање на жртвите на Холокаустот, најстрашната страница во историјата на еврејскиот народ и еден од најстрашните геноциди.

Таа посочи дека во времето на германскиот напад, Украина имаше најголемо еврејско население во Европа – 2,7 милиони луѓе, но разорната политика на терор против Евреите во окупирана Украина ги уништи како социо-културна и етно-религиозна заедница.

  Денес ние го почитуваме споменот на сите оние кои засекогаш останаа зад бодликавата жица на нацистичките маченички одаи, во безимени гробници или крематориуми. За физичко уништување на цели нации, нацистите создадоа ужасна мрежа од концентрациони логори: Аушвиц, Бухенвалд, Вестерборк, Грос-Розен, Дахау, Заксенхаузен, Равенсбрук, Маутхаузен, Мајданек, Саласпилс, Собибор, Треблинка, истакна Дир.

Милиони луѓе беа уништени во крвавите логори, кои станаа алки на конвеерот на смртта. Страшно е дури и да се замислат размерите на убиства, гасни комори, тортура, масовни убиства со стрелање, глад и неподносливо ропско постоење во гетото, додаде Амбасадорката.

Таа го цитираше ​​австрискиот психолог Виктор Франкл, поранешен затвореник во нацистичките концентрациони логори, кој напишал: „оние од нас кои немаат слично животно искуство веројатно нема да го разберат конфликтот, деструктивен за душата и волјата, што се случува во душата на гладната личност“. Украинците особено се сеќаваат на болката од уништувањето на нацијата со глад.

Едно од најстрашните места за истребување на Евреите е Бабин Јар во Кијив, кој исто така стана симбол на жалост, каде што веќе на почетокот на март 2022 година беа испратени руски крстосувачки ракети.

Почитувајќи го споменот на жртвите од Холокаустот, не можам да не ја спомнам храброста и самопожртвуваноста на оние Украинци кои, ризикувајќи ги сопствените животи и животите на своите семејства, спасувале Евреи за време на германската окупација на Украина. Специјалната комисија на еврејскиот меморијален музеј „Јад Вашем“ идентификуваше 2.673 имиња на такви херојски Украинци, доделувајќи им ја почесната титула „Праведници меѓу народите“, нагласи Дир.

Исто така, Дир посочи дека е невозможно да не се спомене и блажениот свештеномаченик отец Омелијан Ковч, кој спасил многу затвореници од концентрациониот логор Мајданек: тој ги крстил и им издал повеќе од 600 крштелници, и покрај ризикот од одмазда од нацистичката окупациска администрација. Семејството Шептицки, спасувајќи повеќе од 160 Евреи и отворено барајќи од нацистичките водачи да престанат со нивното прогонство, стана пример за тоа колку е вредна меѓусебната помош и меѓусебното почитување, без разлика на националност и религија.

Дир нагласи дека антисемитската опсесија на нацистичкиот режим се истакна во историјата на човештвото со крајно сурови ѕверства.

Сега Украинците се борат со руските агресори за сопствените животи, со оружје во раце го бранат своето право да бидат суверена држава. рф започна војна против Украина со жестоката опсесија на нацистите – „кристално“ мислење дека Украинците немаат право да постојат, рече Дир, и додаде: Поминаа години од нацистичките злосторства. „Никогаш повеќе“ се повтори во форма на нови воени злосторства и злосторства против човештвото. Злостоници, а воедно и директни извршители на овие грозоморни злосторства, се раководството на Кремљ. Затоа, Украина упорно повикува на приклучување кон создавањето на Специјалниот трибунал за казнување на руските убијци и нивните соучесници.

Дир посочи дека на 20 јануари 2022 година, Украина се приклучи на изјавата во име на ЕУ дадена за време на седницата на Генералното собрание на ОН. Во неа, конкретно, беше истакнато дека Холокаустот е едно од најголемите злосторства во историјата на човештвото и дека сеќавањета за него е камен-темелник на европските вредности.

Украинската амбасадорка нагласи дека негувајќи ја вредноста на човековиот живот, ние можеме да направиме се што е можно за да спречиме повторување на ужасни, крвави човечки трагедии.

Да не молчиме кога руските убијци започнаа војна и ги уништуваат Украинците, повика Дир.

Разбирајќи ја уникатноста на човекот, почитувањето на достоинството, покажувајќи милост, ние го почитуваме споменот на жртвите од Холокаустот, истакна амбасадорката Дир во обраќањето по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

М. Д.

Извор: ЦивилМедиа

Руска агресија врз Украина Сеќавање украинска амбасадорка Холокауст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.