Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, се сретна со Бигорскиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј, во Бигорскиот манастир, на 30 октомври.
„Ми беше драго што се сретнав со Бигорскиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј. Мудроста и длабочината секогаш се ценат. Искрено сум благодарна за срдечниот разговор, размената на мислења и за изразеното сочувство кон Украинците кои се спротивставуваат на руските ужаси“, напиша амбасадорката Дир во објава на социјалната мрежа X.
Ми беше драго што се сретнав со Бигорскиот Старец и Игумен,Епископот Антаниски г. Партениј.Мудроста и длабочината секогаш се ценат.Искрено сум благодарна за срдечниот разговор,размената на мислења и за изразеното сочувство кон Украинците кои се спротивставуваат на руските ужаси. https://t.co/MFiIvjI5vb
— Larysa Dir (@dir_larysa) October 30, 2026
Според информациите објавени од Бигорскиот манастир, посетата била и повод амбасадорката лично да му го честита 56. роденден на епископот Партениј.
Во текот на средбата, епископот повторно изразил сочувство и солидарност со украинскиот народ, кој продолжува да ги трпи последиците од руската агресија, како и надеж дека војната и страдањата наскоро ќе завршат.
Средбата поминала во срдечна атмосфера, со размена на мислења и пораки на човечка солидарност и поддршка.
FRONTLINE PRESS




