Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинците извршија напад на фабрика за авиони во Смоленск, вклучена во производство и модернизација на руски воени авиони

0
By Marija Todorovska on January 21, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 21, 2025 10:04

Шефот на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Коваленко, преку објава на Телеграм пријави напад врз фабриката за авиони во Смоленск, која е вклучена во производство и модернизација на руски воени авиони, вклучително и јуришни авиони Су-25., пренесува Укринформ.

Според него, фабриката обезбедува и ремонт и одржување на авиони, што и овозможува на Русија да ја задржи борбената способност на застарените модели на авиони.

Оваа фабрика е тесно поврзана со други претпријатија од рускиот одбранбен комплекс, снабдувајќи компоненти или учествувајќи во соработка за создавање модерни воздухопловни системи, истакна шефот на Центарот за одбранбени студии.

Секој удар на таква постројка ќе ја уништи способноста на Русија да ги одржува сопствените летала во борбено подготвена состојба, нагласи Коваленко.

Предходно, Центарот за политички анализи извести за напад со беспилотно летало на Казан, каде што се наоѓаат неколку важни воздухопловни претпријатија кои играат клучна улога во рускиот воено-индустриски комплекс.

Меѓу нив е и авијациската фабрика „Горбунов“ во Казан, која ги произведува стратешките бомбардери Ту-22М3 и Ту-160, како и нивна модернизација и поправка. Фабриката активно се проширува, особено за сервисирање на овие авиони.

Друго важно претпријатие е фабриката за хеликоптери во Казан, која е специјализирана за производство на хеликоптери за воена и цивилна употреба.

Градот ја има и фабриката за прав во Казан, која произведува барут и експлозиви за авијација муниција и проектили како Калибр и Искандер.

Д. Мишев / ЦивилМедиа 

Русија Смоленск Украина фабрика за авиони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.