Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Улогата на медиумите во првиот референдум за независност

0
By Нова ТВ on September 8, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Маја Јовановска, Истражувачка репортерска лабораторија на Македонија

„Дозволете вечерва да им честитам на сите граѓани. Слободна, суверена и самостојна Македонија“ , со овие зборови на 8-ми септември 1991 година, претседателот Киро Глигоров од плоштадот Македонија прогласи успешен референдум и независна држава.

Референдумот за независност неповратно го определи правецот на Македонија. А, во зголемувањето на шансите за неговиот успех се вклучија сите. Граѓаните, политичарите и медиумите.

Во тие години на прсти се броеја медиумите. Весниците „Нова Македонија“ и „Вечер“ и јавниот сервис МРТ и македонското радио, а граѓаните и политичарите беа поделени на југоносталгичари и оние кои веруваа во независна Република Македонија. Но, тогашните медиуми зазедоа историски правилен став, раскажува новинарот Ерол Ризаов, кој во тој период бил дел од весникот „Нова Македонија“.

Новинарот Зоран Иванов тогаш работел во Македонското радио и вели дека особено помладата генерација на новинари ги истуркала премрежјата низ кои минувала државата во тие денови и години. Заложбите на македонските медиуми да ја анимираат јавноста да го поддржи референдумот, особено на тогаш култното Радио Скопје, вродувале со плод, па дури и ја охрабрувале политичката елита да биде поактивна во кампањата за референдумот.

„Се сеќавам дека Македонското радио деновите пред референдумот отвори програма која се водеше од градскиот парк кај фонтаната и оттаму одеа вестите. На денот на гласањето граѓаните постојано се јавуваа во програма и на тој начин целата македонска јавност беше анимирана. Нека не се лутат колегите од Македонската телевизија, но тие спиеја и се разбудија за да го снимат огнометот откако претседателот Глигоров прогласи дека референдумот е успешен“, вели Зоран Иванов.

Од таа генерација новинари бил и Александар Чомовски, исто така дел од Македонското радио. Според него ентузијазамот на новинарите влијаел и вршел вешт притисок врз политичките елити, особено врз оние кои имале пројугословенска носталгија“.

„Новинарската фела и новинарите, особено оние кои имаа некакво влијание во радиото, телевизијата, во Нова Македонија беа со ист ентузијастички пристап во формирањето и следењето на информациите, бидејќи сепак учествуваа во создавањето на една нова Македонија, еден нов државотворен субјект“, вели Чомовски.

Голема енигма за новинарите во пресрет на референдумот била како ќе  гласи прашањето и кој го смислил денес познатото – „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија“?

„Јас тогаш работев во Радио Скопје и беше некаде средина на летото. Еден ден десетина новинари бевме буквално киднапирани и однесени во вилата на претседателот Киро Глигоров во Охрид. Знаевме дека ќе одиме кај претседателот, но не знаевме што ќе биде темата и кој се ќе биде присутен. Беше јасно кога ги видов премиерот Никола Кљусев и потпретседателот Блаже Ристески за што ќе се разговара. И Глигоров разговорот го почна одоколу, со цел да не омекне и да слушне од нас какво е расположението во јавноста. И на еден од нас ни пукна филмот и рече: „Претседателе, какво ќе биде референдумското прашање“, раскажува Чомовски.

Токму прашањето било причината за „двојби“ и скептицизам кај одредени политички елити. Ризаов раскажува дека додатокот на прашањето предизвикувало полемики дека претседателот Глигоров не верува во независноста на Македонија.

„Во една прилика го прашав дали верувал или не верувал во исходот од референдумот и зошто бил тој додаток на прашањето. Тој рече не е точно дека не верувал бидејќи сите истражувања покажале дека над 50 отсто од граѓаните ќе гласаат за независност. Но, уште беа свежи чувствата на граѓаните за заедничката татковина Југославија и имаше политички партии кои беа пројугословенски. Сепак, главниот мотив бил дека со 50 отсто не се прави независна држава. Тоа значи дека секогаш ќе има проблеми и јавноста ќе биде поделена. Додатокот на прашањето ќе овозможи над 90 проценти од излезените да гласаат за независност“, се потсетува Ризаов.

Но не е само прашањето. Мал поглед врз архивите од тогашна Нова Македонија покажува не само позрел интелектуален пристап на тогашните новинари кон референдумот, туку тогаш почнува и дебатата за членство кон други федерации.  Референдумот за независност и државните стратешки документи во кои се определува македонската иднина се неспорно врзани за ЕУ и НАТО.

Според Чомовски, македонските медиуми и македонската политичка елита тогаш направиле втор важен чекор. А, тоа е донесување на декларација за стратегиските правци за развојот на Македонија.

„Првата усвоена декларација беше за евро-атлантското определување на Македонија. Првиот референдум и овој што сега треба да се одржи имаат една константа. А, тоа е дека се историски и ќе носат перспективни одлуки. Тој што мисли дека овој референдум не е континуитет на претходниот се излажал. На  референдумот ние дедовците и татковците ќе одлучуваме за иднината на нашите деца и ние немаме право да погрешиме. Ако се откажеме од оваа  евро – атлантска интеграција македонскиот економски прогон ќе продолжи “, е ставот на Чомовски.

На референдумот на 8-ми септември 1991 година од 1.495.807 регистрирани гласачи излегоа 1.132.981 граѓанин или 71,85%, а од нив „ЗА“ се изјасниле 1.079.308 односно 95,26%.

 

медиуми референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.