Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Умеров: Украина и САД во Швајцарија ќе разговараат за крај на војната

0
By Zoran Ivanov on November 22, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 22, 2025 16:03

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустен Умеров денеска изјави дека Киев во Швајцарија ќе одржи консултации со САД за завршување на руската војна против Украина.

Почнуваме консултации помеѓу високи претставници на Украина и на САД за евентуални параметри на идниот мировен договор во Швајцарија, објави Умеров на платформата Телеграм.

Тој додаде дека Украина „го цени учеството на американската страна и нејзината подготвеност за содржајни разговори“.

Претходно, претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека го одобрил составот на делегацијата што ќе учествува во преговорите со САД и другите меѓународни партнери, како и со Русија, за постигнување праведен и одржлив мир.

Украина наредните денови ќе се консултира со своите партнери и заедно ќе се разговара за чекорите за запирање на војната. Зеленски го одобри составот на делегацијата која ќе ја предводи шефот на неговата администрација и ќе вклучува високи безбедносни функционери, соопшти Кабинетот на Зеленски.

Украинската делегација ќе биде предводена од шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, потоа Умеров, началникот на Главната дирекција за разузнавање (ГУР) на Министерството за одбрана Кирил Буданов, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина Андриј Гнатов и други високи претставници.

Украина никогаш нема да биде пречка за постигнување мир, а претставниците на украинската страна ќе ги бранат интересите на украинскиот народ и темелите на европската безбедност, се наведува во соопштението на претседателскиот кабинет.

 

Мир план умеров шцајцарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.