Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарија почна анти-европска кампања

25
By Нова ТВ on April 1, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 1, 2017 20:21

Унгарија започна анти-европска кампања наречена “Стоп за Брисел”  и побара од граѓаните да размислуваат  како да се спротивстават на политиката на Брисел која, како што вели унгарската влада, е закана за независноста на земјата.

Секое домаќинство добива прашалник и треба да одговори на шест прашања како “што би требала да направи Унгарија ако Брисел сака да ги пушти мигрантите илегално да влегуваат и покрај неодамнешната серија терористички напади во Европа”.

Понудени се два одговори: „да им се овозможи на мигрантите слободно да се движат низ земјата” или „ да се држат под контрола додека чекаат властите да го решат нивниот случај“.

Премиерот Виктор Орбан неодамна даде наредба со која за мигрантите и бегалците систематски да се затвораат во кампови по должината на унгарско-српската граница. Законот стапи во сила во вторникот.

Друго прашање се однесува на невладините организации кои се финансирани од странски фондови и кои унгарската влада сака да ги оневозможи да работат бидејќи тие, според владата, се мешаат во внатрешните работи на земјата.

Веќе се месеци унгарската влада врши силен притисок врз невладините организации и особено тие кои ги финансира Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос.

САД се загрижени за предлог законот на унгарската Влада од 28 март, со кој се воведуваат нови, таргетирани и огромни регулаторни барања за странските универзитети.

„Доколку бидат усвоени, овие промени негативно ќе влијаат или дури ќе доведат до затворање на Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта“, се вели во реакцијата на Стејт Департментот.

“Големи одлуки и борби се пред нас, а Унгарија од тоа може да излезе како победник само ако ја има поддршката на целата земја”,  изјави владин претставник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.