Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД ја осудија „десоросоизацијата“ во Унгарија

2
By Нова ТВ on March 31, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 31, 2017 15:20

САД се загрижени за предлог законот на унгарската Влада од 28 март, со кој се воведуваат нови, таргетирани и огромни регулаторни барања за странските универзитети. „Доколку биде усвоен, овие промени негативно ќе влијаат или дури ќе доведат до затворање на Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта“, се вели во реакцијата на Стејт Департментот.

– ЦЕУ е врвна академска институција акредитирана во САД и во Унгарија, со кадар и студенти од повеќе од 100 земји. Тоа го зајакна влијанието и лидерството на Унгарија во регионот, преку своите извонредни академски кадри и многу придонесе за независно, критичко размислување, се додава во реакцијата.

САД ја повикуваат унгарската Влада да избегне воведување на какви било законски иницијативи што би го компромитирале работењето или независноста на ЦЕУ.

Притисокот на Унгарија врз невладините организации финансирани од странство се прошири и на заострување на правилата за функционирање на странските универзитети, од кои еден е и ЦЕУ, основан од американскиот бизнисмен со унгарско потекло Џорџ Сорос, кој се смета за упориште на либералното меѓународно образование во земјата, но и во регионот.

-Тоа е прашање кадешто не е можен компромис, им изјавил ректорот Мајкл Игнатиев на вработените и на студентите на факултетот. „Ние сме гаранти за академските слободи, рекол тој.

Десничарскиот премиер Виктор Орбан  ги критикуваше граѓанските здруженија кои ги финансирани од Сорос, инаку основач на Фондацијата Отворено општество, која ги поддржува организациите шрум светот и се коси со политиката на Орбан.

Според законот кој во вторникот е поднесен во Парламентот, странските факултети мора да имаат кампус во Будимпешта и во државата од која доаѓаат. СЕУ, кој делува само во унгарската престолнина, е единствена меѓународна високошколска установа без ограноци на други места.

-Овие амандамни би барале ЦЕУ да отвори дополнителен кампус и во сојузната американска држава Њујорк. Тоа барање не би имало никакви предности и би созадало финансиски трошоци и трошоци за човечки ресурси, соопшти ЦЕУ.

Факултетите мора да изберат или да го спроведуваат овој закон од 15 февруари 2018 година или да престанат да прифаќаат нови студенти.

ЦЕУ е основан во 1991 година и денес има околу 1.400 студенти.

Виктор Орбан САД Сорос Стејт Департмент ЦЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.