Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарија веќе „не може да се смета за целосна демократија“, вели европскиот парламент

0
By Соња Крамарска on September 16, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унгарија повеќе не може да се смета за целосна демократија, се вели во соопштението на Европскиот парламент по усвојувањето на извештајот денеска. Парламентот заклучи дека ситуацијата „се влоши толку што Унгарија стана изборна автократија“.

„Генерално, европскиот парламент изразува жалење што недостатокот на решителна акција на ЕУ придонесе за рушење на демократијата, владеењето на правото и основните права во Унгарија и претворање на една од нејзините земји-членки во хибриден режим на изборна автократија“, се вели во извештајот.

„Постои растечки консензус меѓу експертите дека Унгарија повеќе не е демократска држава“, се додава во извештајот.

Во својот извештај, членовите на парламентот наведоа низа аргументи, вклучително и за функционирањето на изборниот систем на земјата и независноста на судството. Тие, исто така, изразија стравувања за академските и верските слободи, како и за правата на ранливите групи, вклучувајќи ги „етничките малцинства, ЛГБТ, бранителите на човековите права, бегалците и мигрантите“.

Извештајот, кој беше усвоен со 433 гласа „за“, 123 „против“ и 28 воздржани, го повикува Европскиот совет и Европската комисија „да посветат поголемо внимание на системското разбивање на владеењето на правото“ во Унгарија.

Особено, Парламентот на ЕУ ја повикува Комисијата да ги запре средствата на Унгарија од ЕУ.

Некои десничарски европратеници го критикуваа извештајот, велејќи дека тој е „заснован на субјективни мислења и политички пристрасни изјави и одразува нејасни грижи, вредносни проценки и двојни стандарди“.

„Овој текст е уште еден обид на федералистичките европски политички партии да ја нападнат Унгарија и нејзината христијанско-демократска, конзервативна влада од идеолошки причини“, велат тие.

Наведувајќи ги ризиците од корупција, Европската комисија се очекува да препорача кон крајот на оваа недела да се суспендираат милијардите наменети за Будимпешта од заедничкиот буџет на блокот од 1,1 трилиони евра за 2021-2027 година, според Ројтерс.

Тоа ќе биде прв ваков потег на ЕУ според нејзината нова финансиска санкција наречена „пари за демократија“ и договорена пред две години токму како одговор на унгарскиот премиер Виктор Орбан, како и неговите сојузници во Полска, кои ги загрозија либералните демократски начела во внатрешноста на ЕУ блокот.

Европската комисија веќе блокираше околу 6 милијарди евра за Будимпешта од посебниот пакет за економски стимулации за Ковид, наведувајќи ги недоволните заштитни мерки во јавните набавки на Унгарија.

Средствата вредни колку една десетина од унгарскиот БДП би можеле да бидат загрозени доколку другите членки на ЕУ ја одобрат препораката од Комисијата. (Си-Ен-Ен)

Европски парламент ЕУ Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.