Протестите против измените на Законот за труд во Унгарија се намалија после шест дена, а опозициските пратеници соопштија дека ќе продолжат по божиќните празници.
Околу 150 до 200 луѓе синоќа се собраа пред унгарскиот Парламент, додека еден ден претходно дојдоа околу 2.000 луѓе кога се случија судири со полицијата и еден од опозициските пратеници заврши во болница.
Пратеничката Тимеа Шабо изјави дека се планираат „акции за граѓанска непослушност, блокади на патишта и демонстрации“.
Таа не кажа повеќе детали затоа што, како што истакна, сака да го „задржи елементот на изненадување“.
Унгарците започнаа со масовни протести пред шест дена, под мотото „Среќен Божиќ господине премиер“ и е насочен концелокупното владеење на Виктор Орбан.
Ова се најжестоки протести во Унгарија во последната деценија. Главна причина е тнр. робовладетелски закон со кој бројот на прекувремени работни часови во годината е зголемен од 250 на 400.