Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести против Орбан: Унгарците за Божиќ сакаат демократија

0
By Нова ТВ on December 17, 2018 ВЕСТИ
Фото: Алџезира
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 17, 2018 09:52

Околу 10 илјади Унгарци вчера, четврти ден по ред, излегоа на протести против унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој важи за еден од најистакнатите националистички лидери во Европа, како и против Законот кој дозволува до 400 часови прекувремена работа годишно.

Поради судирите што се случија пред зградата на државната телевизија МТВА, полицијата употреби гас за да ја растера толпата.

Протестите насловени како ,,Среќен Божик господине премиер” се одржаа по четврти пат во последниве седум дена, а ги организираат левичарските опозициони партии, група студенти и граѓани кои се противат на владата на Виктор Орбан. На протестите им се приклучија и синдикатите.

Со новиот закон за работа, на работодавачите им е дозволено да бараат до 400 прекувремени часови годишно, поради што критичарите го нарекоа ,,робовладетелски закон”, со кој бројот на прекувремени работни часови во годината е зголемен од 250 на 400.

Унгарија ги доживува најжестоките протести во последната деценија.

Протестите се организираат преку социјалните мрежи, но на учество повикаа и претставници на левичарската и на десноекстремната опозиција. Двата политички табора во средата во парламентот застапуваа иста линија и се обидоа да го споречат донесувањето на новиот Закон за работа.

Протестите се насочени и против законот за новите управни судови, донесен минатата среда, според кој судовите би требало да бидат под надзор на министерот за правда Ласло Трочани, кој му е близок на премиерот Орбан. Критичарите предупредуваат од опасноста од прекумерно политичко влијание врз правосудството.

Партијата на Орбан – Фидес во саботата обвини дека учесниците на протестот се „криминалци кои ги организирала мрежата на Џорџ Сорос“.

Демократија за Божиќ

Американскиот весник „Волстрит Џурнал“ оценува дека во текот на 12-те години владеење, Орбан донесе серија контрoверзни закони, зацврстувајќи ја неговата контрола врз судовите, универзитетите, Централната банка и врз речиси сите медиуми во земјата.

Според весникот, вчерашните протести претставуваат нов и сосема поинаков предизвик за Vладата на Орбан, имајќи предвид дека според една анкета од почетокот на месецот, дури 83 проценти од Унгарците не го одобруваат новиот Закон за работни односи.

– Унгарските синдикати, кои воопшто не реагираа на репресивните мерки на премиерот врз медиумите и универзитетите, овојпат се вклучија во борбата. Протестите се претворија во платформа за изразување на општиот гнев против Орбан, чија партија ФИДЕС контролира две третитни од Парламентот и таквата состојба ќе се задржи најмалку до следните избори во 2022 година. Дотогаш, Орбан ќе управува со Унгарија во половина од нејзината посткомунистичка историја, наведува „Волстрит Џурнал“.

„Блумберг“ оценува дека уличните протести против „нетолерантното владеење“ на унгарскиот премиер Орбан се засилија откако илјадници луѓе кои се залагаат за независност на судовите и слобода на печатот, се собраа пред зградата на државната телевизија во Будимпешта поведени од опозициски пратеници.

– На вчерашните протести се собраа значително повеќе луѓе во споредба со претходните и покрај студот. Масовноста на протестите сведочи за острата реакција против се поголемата централизација на власта од страната на Орбан. Тоа е одраз на очајот и на граѓаните и на опозицијата поради неможноста да влијаат на политиката, оценува „Блумберг“.

„Хафингтон Пост“ пак наведува дека вчерашните протести организирани од опозициските партии, студентските здруженија и синдикатите со барање за слободни медиуми, повлекување на Законот за прекувремена работа и за независен судски систем, во голема мерка бил мирен се додека полицијата не употребила солзавец против демонстрантите собрани пред телевизијата.

– На еден транспарент можеше да се прочита: „Се што сакам за Божик е демократија“, додава „Хафингтон пост“.

Порталот истакнува дека унгарскиот премиер Орбан, кој себе си се прогласи за „спасител на христијанската култура во Унгарија од муслиманската миграција во Европа“, и неговата партија Фидес соопштија дека зад „уличните немири“ стојат криминалци и го обвинија американскиот милијардер со унгарско потекло дека ги поттикнува протестите.

Лондонскиот весник „Индепендент“ пренесува изјава на студент по социологија, учесник на синоќешните протести, кој смета дека незадоволството се засилува и дека последните два закони усвоени од Парламентот не се во интерес на унгарскиот народ.

– Орбан повеќепати влезе во конфронтација со европските лидери во Брисел откако ја засили контролата врз судовите и медиумите. Организациите за заштита на граѓанските права го оценија новиот Закон за судовите како уште еден обид за контрола врз демократските институции, заклучува „Индепендент“.

 

весници закон за работа Запад Орбан протести Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.