Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ: Северна Македонија има единствена можност да биде една од првите земји во регионот што ќе постигне секое дете да расте во семејна средина

0
By Marija Todorovska on January 18, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 18, 2024 15:45

„Денес УНИЦЕФ објави нов регионален извештај во кој се нагласува дека речиси половина милион деца или 456.000 деца во регионот на Европа и Централна Азија живеат во установи за згрижување, вклучително и големи институции и други установи како што се малите групни домови.“ – изјави претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани. 

„Извештајот истакнува дека стапката на деца кои живеат во установи за згрижување низ Европа и Централна Азија е двојно поголема од глобалниот просек, односно, 232 на 100.000 деца живеат во установи за згрижување во споредба со 105 на 100.000 деца на глобално ниво.“

„Ако направиме споредба со состојбата на децата во Северна Македонија, мора да признаеме дека земјата се рангира на првите места кога станува збор за грижата за децата чии семејства  од различни причини не можат да се грижат за нив или се одвоени од своите деца. Земјата успеа да ги трансформира сите големи институции за деца и денес ниедно дете не е сместено во големи институции. Стапката на деца во други форми на згрижување е 24 на 100.000 деца, што е десет пати под регионалниот просек, и сите деца се згрижени во мали групни домови.” – доаде таа. 

„Напредокот на земјата подразбираше долг процес и е резултат на децениската посветеност на повеќе влади на реформите за деинституционализација. Понатаму, тоа беше резултат на континуираната посветеност за зајакнување и инвестирање во алтернативни начини на семејно згрижување. Сега, 82 отсто од сите згрижени деца во државата добиваат семејна грижа,  во згрижувачки семејства или преку роднинско згрижување.”

„И додека многу земји во Европа и Централна Азија треба да поминат долг пат пред да стават крај на наследеното институционално згрижување на децата, Северна Македонија има единствена можност да биде една од првите земји во регионот што ќе постигне секое дете да расте во семејна средина.” – истакна претставничката на УНИЦЕФ.

Патриција  ДиЏовани додаде дека доколку државата ја задржи посветеноста на завршување на оваа агенда, ќе има можност да создаде услови за секое дете да ги оствари своите највисоки потенцијали.

Патриција ДиЏовани Северна Македонија УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.