Селекторот на уругвајската фудбалска репрезентација, Оскар Табарез за вечерашниот дуел во Сочи со Португалија најави специјална игра во одбраната насочена кон Роналдо.
„Тој е фантастичен играч кој не се чува лесно. Не може него да го запре само еден, па затоа на него ќе играме колективна одбрана. Роналдо е најдобар напаѓач на светот и вистински водач на својата репрезентација“, рече Табарез.
Табарез планира директен чувар на Роналдо да биде Годин, а втор човек кој ќе внимава на него ќе биде Хименез.
Натпреварот меѓу Уругвај и Португалија во осминафиналето на Светското првенство е закажан за вечерва со почеток во 20 часот.