Го посакуваа Реал Мадрид, Арсенал, Милан и Манчестер јунајтед, го купи Јувентус. Родриго Бентанкур (19) од денеска и официјално е нов член на италијанскиот шампион. Талентираниот уругвајски фудбалер за врска потпиша петгодишен договор со „бјанконерите“ вреден 9,5 милиони евра. Во Торино пристигна од Бока јуниорс, а дали ќе остане во тимот на Масимилијано Алегри или ќе биде испратен на позајмица ќе зависи од летните подготовки.
„Не сум полушпиц. Повеќе сум како Чави или Бускетс. Петка или осмица“, се опишуваше младиот Бентанкур кој кариерата ја продолжува во еден од полуфиналистите во Лигата на шампиони во оваа сезона. Јувентус имаше предност при откупот на Уругваецот уште од 2015 година кога Карлос Тевез замина во Бока јуниорс за симболична сума на пари.