Апелацискиот суд Скопје вчера им го продолжил притворот на 13 лица, меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Сашо Василевски, лица од кабинетот на тогашниот претседавач Трајко Вељаноски, од Агенцијата за разузнавање и други за насилствата во Собранието на 27 април, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.
Ова е трето продолжување на притворот од 30 дена, откако минатата недела истиот овој суд им ги одби жалбите.
Во врска со одлуката, Апелација да ги продолжи мерките притвор, наместо како преходно Основниот суд, од Апелација за порталот изјавиле дека по изречени 90 дена притвор, сега Апелација е првостепената инстанца, а за жалбите отсега ќе одлучува Врховниот суд.