Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште десет дена за забелешки за измените на законот за медиуми

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До 30 ноември медиумските здруженија, поединци и други засегнати ќе можат на страната на ЕНЕР да остават забелешки за втората драфт верзија на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Забелешки за текстот беа изнесени и на денешната јавна дебата кои, главно, се однесуваа на предложените одредби за јавниот сервис и неговото финансирање и предложениот член 61 во измените, но се зборуваше и за одредбите направени во корист на комерцијалните телевизии, застапеноста на македонска музика и сопствена продукција, проблемите на локалните медиуми.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кажа дека откако ќе заврши периодот за забелешки за измените на законот тие ќе бидат испратени до ОБСЕ и ЕК за и тие да дадат свое мислење по што текстот ќе влезе во процедура за носење. Манчевски побара од медиумските работници поактивно да се вклучат во носењето на законот со забелешки на ЕНЕР, но и со меѓусебни дебати, бидејќи, како што кажа, Владата не треба да е моторот во реформите, туку тие треба да ги договорат медиумските работници.

Медиумската сфера не смее предолго да остане нерегулирана. Овој закон е резултат на проблемите во медиумите во минатото, а Владата, како што кажа министерот без ресор задолжен за комуникација, транспаретност и отчетност Роберт Поповски, нема намера да направи дополнителни проблеми во медиумите. Во периодот што следи, улогата на Владата треба да биде што помала, а еснафските здуженија да го преземаат решавањето на работите, посочи Поповски.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани побара членот 61 во Законот да остане онака како што е, посочувајќи дека со сега предложената измена, Владата сака да ја озакони новинарската етика, односно судот или Агенцијата за медиуми да бидат главен и одговорен уредник на медиумите.

– Ако сакате тоа да го направите воведувате цензура којашто е забранета со Уставот на Македонија, рече Селмани.

Селмани укажа дека на почетокот на мандатот владини претставници потпишале изјава за поддршка на саморегулацијата, додека сега со членот 61 се сака да се укине саморегулацијата.

Новопредложениот член содржи и високи казни за, што подоцна во одговорот на коментарите, министерот Поповски кажа дека ќе бидат тргнати, но за останатиот дел од членот 61 побара од здруженијата да размислат дали тој треба да остане затоа што, како што кажа, граѓаните треба да знаат дека има некаков коректив за работата на медиумите.

– Отворени сме член 61 да се избрише, но размислете што ќе значи тоа, рече министерот Поповски.

Голем дел од забелешките и предлозите се однесуваа за јавниот радиодифузен сервис и неговото финансирање. Поголем дел од дискутантите побараа финансирањето да биде со еден отсто од буџетот, а не 0,7 како што се предвидува со измените. Претставникот на синдикатот на МРТ Слаѓана Миливојевиќ истакна дека за јавниот радиодифузен сервис е потребен посебен закон со кој ќе се регулира се што е поврзано со неговата работа.

Министерот Манчевски кажа дека ова е едно преодно решение за МРТ бидејќи, за жал, можностите на државата во овој момент се такви, а според Поповски, пак, 0,7 отсто се доволни за стартно да се стабилизира МРТ. Поповски кажа дека законот треба што побрзо да биде донесен затоа што секое негово одложување значи „дупка“ за МРТ.

Горан Гаврилов од АПЕМ побара во согласност со процентот на застапеност на македонската музика на радијата да се намали сумата за лиценцата за работа што тие ја плаќаат, или целосно укинување на членот 92 од законот.

Намалување на казните за локалните медиуми, кои сега се изедначени со националните, како и враќање на фондот за финансирање на проекти од јавен карактер, побараа претставниците на здруженијата на локланите медиуми.

Горан Гаврилов Дамјан Манчевски Закон за медиуми МРТ Насер Селмани Роберт Поповски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.