Кошаркарската Евролига го доби и 16. учесник за наредната сезона. Тоа е московски Химки кој со самиот пласман во финале во ВТБ лига останува во континенталната елита со оглед дека за ривал за титулата во регионалното натпреварување го има шампионот ЦСКА Москва.
Евролигата, како што беше претходно најавено, се проширува на 18 екипи за сезоната 2019/20. Празни места има уште две од кои едно е резервирано за претставник од Германија, а второто ќе биде пополнето со вајлд карта.
Учесници во Евролига за сезоната 2019/20
ЦСКА Москва (Русија)
Химки (Русија)
Црвена звезда (Србија)
Анадолу Ефес (Турција)
Фенербахче (Турција)
Олимпијакос (Грција)
Панатинаикос (Грција)
Барселона (Шпанија)
Реал Мадрид (Шпанија)
Басконија (Шпанија)
Валенсија (Шпанија)
Армани Олимпија Милано (Италија)
Баерн Минхен (Германија)
Асвел (Франција)
Макаби Тел Авив (Израел)
Жалгирис (Литванија)
Шампион или финалист во плејофот во Бундеслигата
Вајлд карта