Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште еден ден до ултиматумот, Шарената револуција со герила акција

0
By Нова ТВ on June 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ги повикуваме сите соборци и соборки денес во 21 часот пред СЈО. Денес е 1. Уште еден ден до 18ти, до денот кога требаше да се гарантира заштитата на СЈО. Напротив, бандата во фотелјите одлучи да ја задржи таа карта за да може да го држи СЈО во заложништво со цел да има подобра позиција на евентуалната преговарачка маса. Нема да им помине. СЈО е нашата тврдина, не им ја даваме. Дојдете на герила акцијата за бројот 1, за последниот ден на тактизирање на режимот.“, напиша Павле Богоевски, еден од предводниците на Шарената револуција на својот фејсбук профил.

Инаку, Шарената револуција најави голем протест за во понеделник (20.јуни) кој ќе започне во 19 часот пред Специјалното јавно обвинителство, по истекувањето на ултиматумот даден до 18-ти месецов кога Уставниот суд треба да се произнесе за легитимноста на СЈО.

– На оваа корумпирана и криминална власт и дадовме и повеќе од доволно време да реагира и да ги слушне нашите барања. Тие се глуви пред своите граѓани. Единственото нешто на што тие мислат е како побрзо да избегаат од правдата. Специјалното јавно обвинителство е првата светлост во оваа правна темнина во која живееме, а власта го кочеше уште пред да биде формирано. После денешната одлука на Уставниот суд да не го стави СЈО на дневен ред ниту за следната своја седница, очигледно е дека Груевски и неговите соработници се обидуваат да го укинат СЈО кога најмалку ќе очекуваме, се вели во образложението на “Шарените“.
Демонстрантите кои се дел од протестите велат на Груевски му е дојден крајот, само треба уште малку да биде притиснат.

– Да бидеме сплотени и здружени како никогаш порано! Да му ставиме крај на ова црно зло што ни ја уништува државата! Граѓаните доаѓаат правдата и демократијата да ја земат во своите раце! Смрт за фашизмот, слобода на народот! Нема правда, нема мир!, се вели во пораката од Шарена револуција.

#Шарена револуција герила-акција протест СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.