И денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне, според најавите на синоптичарите, е можна појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветар од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени, а максималната од 10 до 17 степени.
Во Скопје, слично време со минимална температура до 0 степени и максимална до 11 степени.
Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини. Од четврток попладне ќе настапи период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.