Координаторот на Белата куќа за кибернетска безбедност, Роб Џојс ќе ја напушти функцијата и ќе се врати на својата претходна работа во Агенцијата за национална безбедност.

Неговото заминување следува по минатонеделната оставка на неговиот претпоставен Том Босерт, советник за внатрешна безбедност на Доналд Трамп.

Двете оставки следат по назначувањето на Џон Болтон за советник за национална безбедност на Трамп.

Сите луѓе на претседателот: Кој го напушти Трамп за само една година

Според високи американски официјални претставници, Џојс ја напушта Белата куќа по своја волја, а не затоа што бил принуден од страна на Болтон или друг член на администрацијата.