Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште седум дена за увид во Избирачкиот список, уште девет за поднесување на кандидатски листи

0
By Sashko on September 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преостануваат уште седум дена за јавен увид во Избирачкиот список (9 септември на полноќ), а девет дена (11 септември на полноќ) за поднесување на кандидатските листи за градоначалници и советници до Општинските изборни комисии за локалните избори закажани за 17 октомври.

Јавниот увид во Избирачкиот список може да се направи во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија и електронски преку веб страната на ДИК. До 1 септември се провериле вкупно 10.724 лица во Избирачкиот список.

Поднесени се вкупно 27 барања за запишување во Избирачкиот список, 23 барања за бришење на податоците од Избирачкиот список и 15 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, посочија од ДИК. Исто така, до ДИК на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 35 барања.

Истовремено тече рокот и за пријавување на набљудувачи на локаните избори.

Иако кампањата не е започната, потенцијалните и најавени учесници на изборите ги започнаа своите активности како на терен меѓу граѓаните, така и на социјалните мрежи. Партиите деновиве треба да ги соопштат преостанатите кандидати за градоначалници и за советници за локалните избори. Тие најавуваат позитивни кампањи, но продолжуваат меѓусебните обвинувања.

До крајот на неделава се очекува во земјата да пристигнат првите 200 терминали од компанијата „Дермалог“ за вчитување на отпечатоци од прсти на гласачите. Вакви терминали ќе се применат првпат на овие избори.

Премиерот Зоран Заев смета дека сè уште има време за да пристигнат терминалите за отпечаток од прст и навремено да се почне со подготовките на изборите што ќе се одржат на 17 октомври.

Навистина не ги знам деталите и за нив се информирам преку медиумите. Мојот личен впечаток е дека терминалите ќе стигнат навреме, затоа што сè уште има време, дури и за првите терминали за тест периодот во кој е предвидено да има тестирање за да може комплетно да ги покриеме сите избирачки места, рече вчера Заев.

Локалните избори на 17 октомври ќе се спроведат согласно Изборниот законик, којшто, иако имаше најава, сепак нема да се менува.

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера изјави дека измените во Изборниот законик ќе се разгледуваат по локалните избори. Тој смета дека нема никаква смисла сега да се прават измените, ниту, како што вели, сакаат да вознемируваат кого било во изборниот процес, со тоа што би менувале правила, а кои непосредно влијаат на изборниот процес.

Ние, како Влада не планиравме никаков потег, затоа што видовме дека имаше блокада и не можеше да се реализира измената на Законот пред летниот распуст на Собранието. Собранието работи уште овој месец, некаде до 27 септември, а потоа, поради кампањата, повторно ќе биде на пауза, вели Маричиќ.

Избирачки список локални избори 2021 Македонија рокови терминали увид фингерпринт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.