Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставен ќе расправа за аболицијата на Иванов, за СЈО нема абер

2
By Нова ТВ on October 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во среда на дневен ред на седницата на Уставниот суд ќе бидат одлуките за помилување на 56 политичари, функционери и нивни соработници донесени од претседателот Ѓорѓе Иванов на 12 април годинава. Иако аболицијата е целосно поништена, сепак ова прашање ќе се отвори пред највисокиот суд во државава.

ustaven

Според информации на НОВА од судот, иницијативата за оспорување на помилувањата била поднесена во Уставен уште пред тие да бидат поништени, па на седницата во среда немало да има никакви промени. Се очекува само формално да биде констатирано дека одлуките за помилување повеќе не се на сила.

Иванов на 27 мај поништи дел од одлуките за помилување, а десет дена подоцна објави дека целосно ја поништува аболицијата. Меѓу помилуваните беа дел од лицата кои сега се осомничени и обвинети од Специјалното јавно обвинителство.

new-doc-14_3

Аболирани од страна на Претседателот беа: поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на УБК и началникот на петта управа Сашо Мијалков и Горан Грујоски, шефот на кабинетот и генералниот секретар на Владата Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, лидерот на СДСМ Зоран Заев, ексразузнавачот Зоран Верушевски или вкупно 56 лица од кои рекордер по бројот на помилувања беше поранешниот министер Јанакиески чие име се спомнуваше во 16 одлуки.

И додека на дневен ред на Уставниот суд се ставаат одлуки кои веќе се поништени, оценувањето на уставноста на Специјалното јавно обвинителство никако да се најде пред судиите во овој суд.

Во договорот т.н. Пржино 2, партиите ги повикаа судиите да се произнесат за уставноста на СЈО уште на првата наредна седница. Но, тој ден никако не доаѓа. Во случај ако Уставниот суд реши да ја разгледува уставноста на обвинителството на Катица Јанева и донесе одлука за негово укинување, партиите се обврзани во рок од 5 дена да го сменат законот и повторно да го воспостават.
Стравувањата и шпекулациите се дека можно е Уставниот суд да го укине СЈО по 12 октомври, кога Собранието ќе биде распуштено, со цел за да нема можност повторно да се формира.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Нова ТВ изјави дека лично очекува Уставниот суд во почетокот на октомври, најдоцна до 12 октомври, да се изјасни дали СЈО е уставно или не е уставно.
„Ако се укине СЈО, најмалку важно во Македонија ќе биде дали ќе има избори или не“, потенцираше Зоран Заев.
Инаку, на први ноември годинава на претседателката Елена Гошева и истекува мандатот и таа нема право на реизбор. За избор на нов претседател на Уставниот суд, потребни се шест гласа од вкупно деветте уставни судии. Со тоа можен е пресврт во кормилото на највисокиот суд, оти на мнозинството кое досега со надгласување ги носеше сите одлуки, му недостасува уште еден глас за да избере повторно претседател од редот на мнозинските судии.

 

 

 

 

аболиција Ѓорѓе Иванов Елена Гошева СЈО; помилувања Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.