Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставен одлучува за референдумот

1
By Нова ТВ on September 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На десет дена пред одржувањето на референдумот, Уставниот суд денеска треба да одлучува за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена со 68 гласа „за“ од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година.

Подносители на иницијативите се Левица, Светскиот македонски конгрес и Марјанчо Ангеловски од Куманово, како граѓанин. Нивните аргументи се дека овој документ не ги содржи сите потребни елементи, дека референдумското прашање е манипулативно и повеќезначно и дека рефрендумот се однесува и на сојузништвото со ЕУ, што подлежи под други правила за одлучување.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата, или пак, да прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преисптување на уставноста на одлуката. За ова ќе одлучуваат деветмина судии.

Голема е одговорноста во овој момент, кое било тело, дури и Уставниот суд клучот да го земе од рацете на граѓаните, изјави вчера шефот на дипломатијата Никола Димитров на прес-конференцијата со германскиот колега Хајко Мас, одговарајќи на новинарско прашање што доколку процесот за референдум се стопира од Уставниот суд.

Според него, има две аргументирани тези. Првата е дека ни треба посебен задолжителен референдум за стапување во сојуз со други држави. Таа уставна одредба, како што појасни се однесува кога се пренесува суверенитет.

– Точно е дека за членство во ЕУ ќе имаме една таква работа, но тоа нема да се случи утре, ќе поминат неколку години, нагласи Димитров.

Тој рече дека одредбата се однесува главно на стапување во сојуз со други држави во смисла на федерација или конфедерација.

Димитров вели дека за НАТО, која е меѓународна владина организација, таа одредба не е релевантна.

Во однос на начинот на кој е поставено прашањето, односно дека во себе ги содржи и Договорот со Грција и членството во ЕУ и НАТО, Димитров вели дека оваа забелешка и правно и политички е многу наивна.

– Договорот  решавање на спорот со Грција стапува во сила заедно со ратификацијата на претпристапните протоколи за нашето членство во НАТО од страна на грчкиот Парламент, а спроведување на договорот во еден дел го следи нашиот пат кон ЕУ. Сите прашања се вака испреплетени и меѓусебно поврзани, нагласи тој.

Премиерот Заев пред неколку дена, одговарајќи на новинарско прашање што очекува по поднесената иницијатива за уставноста на референдумот, рече дека нема дилеми за овој процес, кој го почна Собранието, но оти Уставниот суд е најмеродавен.

– Немам дилеми за уставноста на процесот кој што Собранието го почна. Секако Уставниот суд е најмеродавен да ги каже своите коментари. Не сакаме да влијаеме, но ние во моментот живееме користејќи ја најголемата демократска алатка во сите демократски земји, а тоа е референдумот каде граѓаните со право на глас се изјаснуваат. Секако после позитивен референдум јас очекувам да почнат и други постапки така што не треба да бидете посебно и правник за да знаете дека постапките се многу логични, нормални реални, уставни, изјави премиерот.

 

#Уставен референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.