Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд: Нема постапка за „27 април“, амнестијата останува

0
By Нова ТВ on January 22, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставниот суд не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина, додека иницијативата за оценка на членот 2 од истиот закон е отфрлена, бидејќи веќе е одлучувано по тоа, информираат од Уставниот суд. Иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина, поднесена од Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес и иницијативата за членот 2 од истиот закон поднесена од адвокат Јошевска Анастасовска, Уставниот суд ги разгледа како прва точка на денешната седница при што ставовите на уставните судии беа поделени.

Уставниот судија Насер Ајдари, образложувајќи ги иницијативите, рече дека барањата за утврдување на уставност треба да се отфрлат како неосновани бидејќи судот веќе се има произнесено по овој закон.

„Според Деловникот, кога Уставниот суд на претходна иницијатива ќе се произнесе по вакво прашање, единствено решение е ваквиот предлог да се отфрли како неоснован. Уставниот суд не може да се става во улога на Собранието, туку тој одлучува дали Собранието имало уставно право да го донесе законот и затоа ваквите прашање за правото на давање аменстија се неосновани“, рече Ајдари.

Според судијата Јован Јосифовски, овие две иницијативи се детално образложени и треба да се прифатат, особено што тој останува на својот претходен став, дека законот е противуставен.

„Неспорно е дека Собранието дава амнестија, туку членот 2 со кој се префрла правото на одлучување на судот. Ова не е прв пат да се дава амнестија, туку шести случај. Не може Собранието, кое дава амнестија да го пренесе правото на судот да одлучува арбитрарно кој ќе добие, а кој нема амнестија за ист кривичен настан. Од тие причини сметам дека законот е противуставен“, рече Јосифовски.

Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, истакна негов личен став и вели дека сите правни норми мора да бидат функционални и дека со давањето вакви закони за вакви настани не се зацврстуваат државните вредности.

„Никогаш нема да поддржам вакви амнестии кои одат на штета на државата. Се овој закон во целост ние нема да ги дисциплинираме сторителите и не ги зацврстуваме државните вредности“, изјави Мурати.

Судијата Осман Кадриу, нагласи дека треба да се прифати дека законодавецот не дава амнестија за дела со кои се загрозува интегритетот и суверенитетот на државата. Уставната судијка Елена Гошева, пак, рече дека има многу недоследности и дека треба да се отфрли предлогот за одбивање на иницијативата како неоснована.

 

„Дали Собранието на претходните амнестии одлучуваше што ќе опфаќа и кои кривични дела. Кога се донесе амнестијата од 2001 година не се гледаше за какви и колку дела се амнестираат. Не сакам да се враќам назад на вака болни теми, но не може сега да тврдиме дека законот е уставен, изјави Гошева.

Меѓу амнестираните за настаните од 27 април во 2017 година беа петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Трчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов кои беа обвинети дека ги отвориле вратите и ги насочувале тие со фантомки и другите граѓани кон пленарната сала и кон прес-центарот во Собранието. Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски кои беа водачи на протестите на “За заедничка Македонија“ и кои беа обвинети дека со потпалувачки говори ги повикале граѓаните да влезат во Собранието исто така беа амнестирани.

27 април амнестија Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.