Јавниот превоз утре ќе функционира двократно – од 5 до 9 часот претпладне и од 13 до 19 часот попладне. Сите возила ќе сообраќаат по неделен возен ред.

„Пример, согласно неделен возен ред, линијата 15 (Ново Лисиче-Карпош 4) почнува да сообраќа од 6:38 часот, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 8:03 часот (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12:45 (прв наведен термин во прилогот од 13 часот), 13:45, 14:55, 16:15 и 17:40 часот (последен наведен термин во прилогот пред 19 часот)“, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Дежурни билетарници со работно време од 7:30 до 13 часот ќе бидат кај Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар.