Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре референдум во Ново Село за рудникот Иловица

0
By Нова ТВ on September 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во општина Ново Село утре ќе се одржи референдум на кој жителите ќе се изјаснат дали се за или против изградба на рудникот за бакар и злато Иловица. Право на глас имаат 11.432 граѓани, а за да биде успешен референдумот на 20-те гласачки места треба да се изјаснат најмалку 5.720 жители со право на глас.

Од компанијата „Еуромакс“, која има добиено концесија за експлоатација, а веќе десетина години работи на проектот за бакар и злато кај Иловица, тврдат дека рудникот се гради согласно сите европски нормативи за заштита на животната средина.

Екологистите се надеваат дека жителите на Ново Село ќе имаат поголем демократски капацитет и ќе излезат на референдумот.

„Ние дефинитивно остануваме на ставот дека во Струмичко не е потребен рудник бидејки ќе се уништи земјоделието, сточарството во подогражденскиот предел, а постои опасност од и нарушување на целиот биодиверзитет. Рудникот на смртта во Иловица ќе биде напад врз струмичката котлина и врз самите нас, што досега во нашата историја се нема случено! Тоа ќе биде геноцид во невидени размери“, вели Костадин Ристоманов активист од здружението „Здрава котлина“.

За рудникот за злато Иловица на Огражден пред две недели се изјаснуваа жителите на општина Босилово, но референдумот пропадна оти на гласачките места излегоа едвај 32 отсто од запишаните гласачи со право на глас и не беше исполнет законскиот цензус од 50 отсто плус еден. Утрешниот референдум во Ново Село е последен во Југоистокот, каде беа издадени околу 80 концесии за детални геолошки истражувања и концесии за експлотација. Референдумите во Гевгелија, Богданци и Дојран референдумите беа успешни и жителите кажаа не за рудници, додека во Валандово и Босилово пропаднаа поради недоволна излезност.

Еуромакс Иловица Ново Село референдум рудник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.