Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре Совет за безбедност, датумот за избори неизвесен, како и вонредната состојба

0
By Нова ТВ on May 29, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: 24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за безбедност утре напладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуална нова, четврта, одлука за вонредна состојба по двете 30 дневни и последната двонеделна што беше донесена на 15 мај. Пендаровски, како што потврдуваат од неговиот Кабинет, ќе го свика Советот за безбедност без оглед дали ќе има ново барање од Владата за продолжување на вонредната состојба.

Премиерот Оливер Спасовски вчера изјави дека Владата до крајот на неделата ќе одлучи дали ќе предложи нова вонредна состојба која, како што рече, е потребна пред сé за спроведување на економските мерки.

„Ако процениме, врз основа на анализите, дека треба да се прогласи вонредна состојба уште некој ден за справување со економските последици, тоа ќе го направиме и 22 дена по нејзино завршување ќе се одржат изборите, истакна Спасовски по посетата на Карбинци.

Партиите, пак, сè уште се без договор за датум за избори. Нема најава за нова лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, откако на двете претходни не беше постигнат договор за терминот за изборното соочување.

Според претседателот на СДСМ Зоран Заев, државата има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме новиот бран на коронавирусот на есен целосно подготвени.

„На граѓаните и на државата им требаат институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност, со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија“, објави Заев на фејсбук.

Ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е непромент – брзи избори не се прифатливи и најважно е здравјето на граѓаните. СДСМ, како што велат од таму, сака избори по секоја цена само за да го намали неизбежниот пораз. Тие не се против избори, но во соодветен термин. Тоа, според нив, би било на крајот на август или почетокот на септември. Потврдуваат дека постои канал на комуникација, но епилогот засега е неизвесен.

„Како што кажа и претседателот Мицкоски, канал за комуникација постои. Ние остануваме на нашиот став и тоа е непроменет дека сепак треба да се создадат услови за избори. Здравјето на граѓаните е пред сè, но да почекаме наредниот период да видиме како ќе се развиваат настаните вклучително и здравствената ситуација“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Аровски.

Вицепремиерката и министерка за одбрана и потпретседател на СДСМ Радмила Шекеринска вчера порача дека се потребни избори што е можно поскоро за да функционираат државата и институциите.

„Мојот став е дека треба да организираме избори час поскоро затоа што ни треба држава и институции со полн капацитет за да им помогнеме на фирмите да преживеат, да им помогнеме на граѓаните кои ќе бидат во потешка социјална и економска ситуација, ни требаат закони, ни требаат пари и од странство, а за сите тие работи ни треба функционално Собрание. Мојот став е час поскоро и дефинитивно пред почетокот на летните месеци треба да ги организираме изборите“, изјави Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Кичево.

Ова, како што рече, не се избори кои треба да бидат по „ќеифот“ ниту на СДСМ, ниту на ДПМНЕ, туку се избори што треба да и овозможат на државата да функционира како часовник, а не да функционира со половина капацитет.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, пак, смета дека разликите меѓу политичките партии, вклучувајќи ги и најекстремните позиции по однос на датумот за избори, не се разликуваат повеќе од 10-15 дена.

„Сметам дека разликите не се ненадминливи и ако деновиве продолжи интензивната комуникација меѓу партиите, како што и се случува мислам дека може да се сретнеме некаде околу 5 јули“, изјави вицепремиерот Османи.

Ставот на ДУИ, како што посочи, е дека ниту еден општествен процес не смее да ја влоши здравствената состојба, нешто со што, како што рече, се согласуваат сите политички партии и оти треба да има консензус по однос на датумот за избори бидејќи инклузивноста во процесот е многу важна за изборите.

Според Османи, најмалку што и треба на државата во услови на пандемија, на здравствена и економска криза, е политичките партии да се поларизираат до екстрем кој ќе ја доведе државата до политичка криза. Тоа, вели, не го посакуваат граѓаните и не и треба на државата.

Случувањата околу изборите и преговорите меѓу власта и опозицијата се следат во Брисел од каде порачуваат дека е потребен консензус бидејќи техничката влада „не може вечно“ да трае.

„Разумно е да се размислува за избори, не може вечно да има техничка влада, но секако изборите треба да се одржат доколку условите се исполнети“, велат за МИА високи функционери од Европската Комисија

Од Брисел, како и во европските престолнини, се укажува дека без функционално Собрание и демократски избрана власт, во време на криза кога треба да се носат суштински одлуки, сите политички партии треба сериозно да се посветат на преговорите и да одредат датум за избори, на консензуален начин.

Бојкот од една или друга страна, непризнавање на резултатите, се сценарија кои мора по секоја цена да се избегнат, коментираат во институциите на ЕУ, посебно со оглед на фактот дека од јуни проширувањето ќе се врати на дневниот ред на Унијата, со објавувањето на преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија.

вонредна состојба датум избори Совет за безбедност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.