Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утврден дневниот ред, пратениците од ВМРО ДПМНЕ одолговлекуваа

3
By Нова ТВ on January 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повеќечасовна расправа, Собранието конечно го утврди дневниот ред на 32.седница, на која се наоѓаат 40 тина точки, меѓу кои и законот за употреба на јазиците како осма точка. Иако имаше најава, на дневен ред не беше ставена точката за избор на потпретседатели на Парламентот.

Најжестока дебата имаше по предлогот дали амандманската расправа за Законот за јазиците да се најде на дневниот ред.

Тензијата се зголеми кога собранискиот спикер, Талат Џафери, не им даде право на процедурална забелешка на координаторите на пратеничката група, бидејќи како што рече тој, координаторот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев не бил присутен во Парламентот.

– По одржувањето на конгресот и формирањето на партиските тела, неофицијално ме известија од партијата дека работите во Собранието до официјално  избирање на нов координатор, ќе ги координира пратеникот Владимир Ѓорчев. Истиот не е тука и немате право на процедурално, рече Џафери со што предизвика негодување кај пратениците од оваа партија.

Дел од нив станаа од своите места и излегоа на говорницата за да се разберат со Џафери.

Потоа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара збор и го замоли Џафери во име на досегашната соработка да се држи, како што рече, до формално-правните обврски.

-Се наоѓаме во момент во кој сме збунети, толкав број амандмани и вие и СДСМ не можете да разберете дека треба да слушнете туѓо мислење, дека експертската јавност мисли поинаку од она што вие имате намера да го направите со Законот за јазици. Како долгогодишен колега ве замолувам да се држиме до форма. Точно е во смисла на тие разговори, но од формално правен аспект не е точно. Се уште немаме допис со промена на моделот според кој ќе функционираме како пратеници, рече Димовски.

Џафери продолжи со седницата и не им даде право на процедурална забелешка на неколкуте координатори на ВМРО-ДПМНЕ.

Секој пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ имаше различно барање. Пратениците ги образложуваа своите предлози, што траеше неколку минути, по што се гласаше.

Неколку пратеници бараа исфрлање на точката за Законот за јазици, но мнозинството го отфрли тој предлот, а претседателот Талат Џафери рече дека не може повторно да се одлучува за истото барање.

Потоа еден пратеник побара Законот за јазици да се стави 25-та точка на дневниот ред, друг пратеник побара точката да биде последна на дневниот ред, трет побара сите други точки да бидат исфрлени, а да остане само оваа точка. Парламентарното мнозинство ги одби сите нивните предлози.

Откако дневниот ред беше усвоен од мнозинството, спикерот Џафери даде еден час пауза по што ќе продолжи седницата.

дебата дневен реде Закон за јазици Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.