Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБНОВЕНО Узија, Ксавиер, Амери Џо, наставничката Ирма – имињата на првите жртви чии животи згаснаа во пукањето во Тексас

0
By Соња Крамарска on May 25, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
10-годишниот Ксавир Лопез учел во четврто одделение
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 25, 2022 14:27

Почнаа да се објавуваат имињата на првите жртви на пукањето во училиштето во градот Увалде во Тексас, во кое загинаа 19 деца и двајца возрасни. Осумгодишниот Узија Гарсија е идентификуван од неговото семејство како едно од децата убиени во нападот.

„Најслаткото мало момче што некогаш сум го познавал“, изјави дедото на Гарсија, Мани Ренфро, за Асошиетед прес. „Не го велам тоа само затоа што ми беше внук“.

Узија Гарсија

 

Ренфро рече дека Узија последен пат го посетил во Сан Анџело за време на пролетниот распуст. „Си игравме со дофрлање топка, го учев на трикови за додавање. Тој беше брзо мало момче и многу успешно ја фаќаше топката. Да имаше шанса да порасне ќе го правеше тоа токму како што вежбавме“, изјави скршениот од болка Мани Ренфро.

Лиза Гарза (54) од Арлингтон, Тексас, исто така тагува за смртта на внук Ксавиер Хавиер Лопез. „Тој беше само вљубено 10-годишно момче, кое само уживаше во животот, не знаејќи дека оваа трагедија ќе се случи денес“, рече таа. „Беше многу слатко дете, сакаше да се задева со своите браќа, неговата мајка. Ова ни нанесе штета на сите нас“. Таа додаде и дека неговата мајка била со него во училиштето за време на церемонијата на доделување награди само неколку часа пред пукањето, не сфаќајќи дека тоа е последен пат како го гледа.

Амери Џо Гарза, исто така 10-годишна, семејството ја идентификуваше како едно од убиените деца. Нејзиниот татко, Ангел Гарза, изјави за ABC News дека девојчето штотуку наполнило 10 години на 10 мај. „Ви благодарам на сите за молитвите и помошта во обидот да го пронајдам моето бебе“, напиша Ангел Гарза за ABC во изјавата. „Таа е пронајдена. Мојата мала љубов сега лета високо со ангелите горе. Ве молиме, не земајте ни секунда здраво за готово. Прегрнете го вашето семејство. Кажете им дека ги сакате. Те сакам Амери Џо. Чувај го од горе твоето мало братче“, порача тој.

Медиумите во САД ја именуваа Ирма Гарсија како втора возрасна жртва на масовното пукање во основното училиште Роб во Увалде.

Нејзината биографија вели дека во училиштето предавала 23 години, а била мажена и има четири деца. На веб-страницата на училиштето таа вели „Толку сум возбудена што веќе ја започнувам оваа нова учебна година“ и споделува со нејзините ученици дека обожава да прави скара со нејзиниот сопруг, да слуша музика и да оди на крстарења низ земјата“.

Според Ен-Би-Си, полицијата на нејзиниот син му кажала дека Гарсија ги штитела до крај нејзините ученици. Гарсија беше колешка со наставничката за четврто одделение Ева Мирелес, за која претходно беше потврдено дека е една од возрасните убиени во нападот.

(Гардијан)

првите жртви пукање во Тексас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
ФОКУС
March 7, 2026

Трендафилов: Ние ќе се бориме за вашите плати ама мора да почнете да се бпорите и вие

ВЕСТИ March 7, 2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави голем работнички протест кој ќе се одржи на…

„Пет до дванаесет“ помина – Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) оди на протест на 14-ти март

March 6, 2026

По пет убиени жени само во една година, Тошковски ќе прави систем што ќе ги штити жртвите 24/7!

March 6, 2026

Техеран во пламен

March 6, 2026
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.