Трката е во организација на Сојуз на спортови на Скопје, a под покровителство на Град Скопје.

В недела, на 5ти септември во Градски парк во Скопје, со старт од 09:00 часот, ќе се одржи Авицена Женска Трка.

Трката е во организација на Сојуз на спортови на Скопје, a под покровителство на Град Скопје.

Стартот и целта на трката ќе бидат во Градски парк, позади бараките на ЈП „Паркови и зеленило“. Трката ќе биде комплетно организирана според безбедносните протоколи и препораки, со цел заштита на учесниците и организаторите.