Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

В петок ќе се решава проблемот со увозот на српското брашно

0
By Нова ТВ on February 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 27, 2018 14:17

Во петок во Скопје македонски и српски претставници ќе одржат состанок за надминување на проблемот со извозот на српското брашно во Македонија, откако во саботата, деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад ги обвини македонските власти дека со неодамна воведените мерки придонеле увозот на брашно од Србија да биде „речиси неисплатлив“.

Ова утрово го договориле македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ.

– Во петок во Скопје закажавме состанок и се надевам дека ќе успееме да изнајдеме некакво решение, кое, пред се, ќе биде во интерес на стопанствениците од двете земји и нема да ја загрози надворешната трговија и во еден и во друг правец, ниту ќе не натера да преземеме какви било контрамерки, изјави  Љајиќ, додавајќи дека таквите мерки се на директна штета на стопанствениците и на меѓудржавните економски односи.

Како што се наведува во соопштението од српскиот министер, двајцата министри, вчера, телефонски разговарале за начинот како да се реши проблемот на отежнатиот извоз на брашно од Србија на македонскиот пазар, откако „Владата во Скопје ги смени процедурата за увоз и методот на издавање контролни марки“.

Здружението Житоунија поднесе иницијатива до министерот Љајиќ веднаш да и се воведат реципрочни мерки за одредени македонски производи.

– На увозниците со тоа значително им се зголемени трошоците и бизнисот со Србија станува економски неисплатлив. Реално е да се очекува пад на извозот на српското брашно, изјави за весникот Политика, Здравко Шајатовиќ, претседателот на „Житоунија“.

Според новите процедури, српското брашно се извезува во Македонија без македонски маркици. Потоа брашното се складира тука, а по фитосанитарниот преглед увозникот може да ги користи маркиците и потоа да ги истакне на производот. Меѓутоа, брашното мора да се распакува и да се ангажираат дополнителни луѓе, а процедурата може да потрае и цел месец.

За српските производители, Македонија претставува трет извозен пазар, каде годишно се пласираат 30.000 до 40.000 тони брашно.

 

брашно Македонија Србија увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.