Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцинациската нееднаквост продолжува: 300 000 смртни случаи од Корона вирусот во Индија

0
By НОВА ТВ on May 25, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 25, 2021 12:01

Вчера Индија стигна до рекорден број на Ковид-19 смртни случаи со тоа што надмина 300 000 регистрирани смртни случаи. Овој трагичен рекорд пред тоа го имаат надминато само САД (604 416 смртни случаи) и Бразил (450 026 смртни случаи). Последните 100 000 смртни случаи во Индија се имаат случено за помалку од еден месец.

Но многумина сметаат дека овој број на смртни случаи е веројатно далеку повисок заради неадекватен начин за сметање на смртни статистики во Индија. На пример, често кога ќе умре некој во домашни услови во рурална средина во Индија таа смрт може веднаш да не биде регистрирана. Некои дури и сметаат дека стапката на смртност во Индија може да е веќе стигната до 1 милион смртни случаи.

Оваа нејасна слика на точната бројка на смртни случаи само покажува колку е влошена ситуацијата во Индија во последните неколку недели. Болниците се преплавени со случаи и има недостиг на клучни лекови, како и на кислород. Дури и крематориумите ги достигнаа своите капацитети и мораат да работат во вонредни услови.

Ковид пандемијата е исто така надвор од контрола во Латинска Америка која сега бележи над 1 милион смртни случаи од КОВИД-19. Овој број на смртни случаи претставува околу 30% од смртноста во светот, и покрај тоа што Латинска Америка претставува само 8% од глобалното население.

Само Бразил претставува околу 45% од жртвите во регионот. Крајно десничарскиот претседател во Бразил Џаир Болсенаро има добиено многу критики за неговиот таканаречен „бизнис пред здравје“ пристап и генерално несериозниот начин на кој неговата администрација ја има сфатено Ковид-19 кризата.

Во петокот, бразилската држава Маранхао му изрече парична казна Болсонаро за одбивање да ги почитува локалните здравствени правила и Ковид-19 протоколи кога тој одржал масовен собир и не носел маска за лице.

На истиот ден кога Болсенаро ја доби оваа казна, Светската Здравствена Организација (СЗО) изјави дека смртноста од Ковид-19 е веројатно два до три пати повисока од официјалните извештаи — до сега се регистрирани 3 488 208. Ако СЗО е во право, тогаш бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот се помеѓу 7 и 10,5 милиони смртни случаи.

За разлика од посиромашните држави на таканаречениот „глобален југ“, во САД Ковид-19 случаите се паднати заради масовната имунизација во државата. Прв пат по скоро една година, седумдневниот просек на дневни случаи со коронавирусни инфекции падна под 30 000. Исто така 8 сојузни држави на САД веќе имаат имунизирано 70% од нивното население, што е само уште еден доказ за вакцинациската нееднаквост низ светот.

Пред две недели, Тедрос Аданом, генералниот директор на Светската Здравствена Организација (СЗО) коментираше околу оваа нееднаквост.

„Шокантен е глобалниот диспаритет во пристапот до вакцините и останува еден од најголемите ризици за ставање крај на пандемијата,“ изјави Аданом. „Земјите со високи и повисоки примања претставуваат 53% од светската популација, но примиле 83% од светските вакцини. Наспроти тоа, земјите со ниски и пониски средни приходи сочинуваат 47% од светската популација, но примиле само 17% од светските вакцини.“

Односно, ако драстично не се смени глобалната Ковид-19 стратегија, многу е веројатно дека овој тренд на висока смртност во посиромашните држави ќе продолжи додека побогати држави, како САД, полека ќе излегуваат од пандемијата.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.