Вандализам се случил синоќа на централното градско шеталиште во Гевгелија каде од, засега, непознати сторители за време на полицискиот час биле оштетени повеќе жардиниери пред државни и приватни објекти, урбана опрема, а биле искршени и палми и украсни дрвца пред фонтана на хотел во градот.
Градоначалникот Сашо Поцков остро го осуди овој нечовечки чин и утринава побара од органите на прогонот под итно да се преземат мерки за откривање и санкционирање на сторителите на вандализмот.